10 Работи кои НЕ треба да ги правите за вашите деца

Сите сакаме да им овозможиме на нашите деца сè најдобро. Сакаме тие да ги имаат сите работи што ние никогаш не сме ги имале.

10-raboti-koi-ne-treba-da-gi-napravite-za-vasite-deca-001.jpg

Но, понекогаш родителите претеруваат со начинот на кој ја искажуваат својата љубов кон децата. И тоа се одразува лошо врз нивното однесување и карактер.

Пред работите да излезат од контрола, обрнете внимание на работите кои НЕ треба да ги правите за вашите деца:

1. Правите да се чувствуваат како кралеви и кралици

Важно е секое дете да се чувствува специјално, но ако претерате на овој начин можете да го изгубите авторитетот над нив. За да имате авторитет над вашите деца треба да поставите чисти граници во нивното однесување додека растат.

Иако е во ред да им верувате во целост со некои работи и да им дадете безрезервна поддршка, ваша должност како родители е да ги водите низ процесот и да им помогнете да успеат во работите кои ќе ги замислат без притоа да им поставувате нереални очекувања.

2. Им давате премногу пари

Парите се еден вид на алатка, а не украс. Важно е децата тоа да го разберат колку порано може. Ваша должност е да ги научите дека парите ги нема во изобилие и дека сè што е во изобилие не значи дека е добро. Ако им купувате премногу скапи работи или им давате премногу пари уште мали тие ќе станат неблагодарни и алчни за повеќе.

3. Не им давате да работат

Работата е неопходна во животот. Секој одговорен возрасен човек мора да работи и да заработува за да преживее. Децата треба уште мали да го разберат овој концепт, за да бидат успешни кога ќе пораснат.

Секако, сакате да ги заштите и не сакате нивниот труд да биде злоупотребен, но лекцијата од работа секако би било повеќе констуктивна отколку деструктивна. Ако изразат желба за работа, па дури и за да заработат џепарлак за еден ден, дозволете им. Нека ја научат вредноста на парите и нека се чувствуваат гордо дека самите постигнале нешто.

4. Ги охрабрувате да бидат себични

Ги учите децата дека е во ред да не возвраќаат со добро. Им велите дека секој си гледа самиот за себе и слично. Една од најважните лекции кои треба да ги научат во животот е дека луѓето ви даваат, но и вие треба да давате.

Дозволете им на вашите деца од време на време да направат некој безусловен акт на љубов и давање од срце. Може да волонтираат или да донираат нешто, но важно е да разберат колку е добро чувството да се помогне некому.

5. Не барате од нив да бидат благодарни

Можеби мислите дека вашето дете заслужува сè што добива и дека не должи никому ништо. Но, ова не влијае добро врз нивната благодарност. Научете ги да викаат благодарам и нека го разберат значењето и важноста на сè што добиваат.

6. Се однесувате разгалено пред нив

Како родители треба да бидете пример за вашите деца. Децата гледаат колку сте одговорни, колку сте строги и слично. Ако постојано се жалите од се пред нив, тие ќе се научат на одговараат на проблемите во животот на ист начин.

7. Не знаете да поставите граници

По природа децата сакаат да бидат разгалени. Ваша должност како родители е да не дозволите ова да се случи. Ваша должност е да воспитате деца кое ќе имаат манири, кои ќе бидат сакани и кои ќе се однесуваат добро.

За да го постигнете ова, мора да поставите граници. Ако не, вашето дете ќе стане неблагодарно и грубо.

8. Им дозволувате секогаш да биде во нивно

Треба да изберете што ќе им дозволите, а што не. Има разлика помеѓу тоа да им купите вртоглаво скап телефон или да им купите чоколадо кога упорно бараат. Ваш е изборот за кои работи ќе дозволите да ве убедат да им ги купите, а кои не.

9. Им купувате подароци поради погрешни причини

Ако на вашето дете му досадила старата играчка и му купувате нова само за да не го слушате како се жали, вие му купувате подарок поради погрешна причина. Подароците треба да бидат заслужени и децата треба да покажат дека се одговорни за нив и знаат да ги чуваат.

10. Не ги оставате да преземаат одговорност

Вашето дете треба да одговара за работите кои ги прави. Да, секое дете прави грешки, но важно е да има одговорност кон тие грешки и да научи лекција од нив.

А. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Мојот живот пред децата vs. по децата и зошто не би го менувала за ништо на светот?“ Пред децата, мојата романтична љубов кон партнерот мислев дека е најдлабоката љу...
Писмо до моето дете: „Ти си мојата сјајна ѕвезда во овој темен универзум“ Мое дете... Ти си моето денес, моето утре и сите мои денови, по утрешниот. Ти си...
Луѓе постари од 40 години откриваат: „Зошто не зажалив што немам деца?“ „Со партнерот ја имаме целата слобода што ја сакаме. Можеме да патуваме кога сак...
Бон-тон правила што секој родител треба да му ги каже на своето дете Научете ги децата дека не е во ред да прекинуваат некој додека разговара. Од поч...
Илустрации за родители: Како да се справите со непријатните ситуации со вашите деца? Што да направите кога детето не сака да ги дели играчките или, пак, кога ќе науч...
7 работи што ги правам со моето дете, иако сите ме советуваа спротивно Ја земам во раце и ја прегрнувам кога плаче, иако велат дека не треба, бидејќи ќ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg