Немаат пријатели, шетаат боси по улица: Како живеат децата на Анџелина Џоли и Бред Пит?

7. Јадат нездрава храна.

Магазинот „Life and Style“ информираше дека децата на Бред Пит и Анџелина Џоли се вистински зависници од брза храна, како и дека немаат никакви ограничувања во однос на исхраната.

Тие јадат сѐ што ќе посакаат. Ако на Захара ѝ е желба да касне сладолед за појадок, тогаш и го добива наутро. Сите обожаваат чипсови и секакви пржени јадења.

Родителите не ги имаат научено да консумираат домашно приготвени оброци. Наместо тоа, сосема во ред им беше набрзина да ги снабдат со полна кеса солени или слатки закуски.

nemaat-prijateli-shetaat-bosi-po-ulica-kako-zhiveat-decata-na-andjelina-djoli-i-bred-pit-10.png

8. Немаат постојан дом.

Според тврдењата на весникот „The Sun“, децата на Џоли и Пит се збунети каде им се наоѓа, како и што навистина претставува „дом“, од проста причина што низ годината менуваат мноштво различни адреси.

Поминуваат време на имотите во Лос Анџелес, Њу Орлеанс, Франција и Лондон, а спијат и во луксузни хотели на далечни места. Немаат постојано живеалиште, не одат на училишите, а немаат ниту другарчиња од соседството.

Анџелина Џоли ги претвори своите наследници во модерни номади. Постојано се селат од една на друга локација, а ваквата нестабилност сѐ повеќе им се одразува на нивното расположение.

nemaat-prijateli-shetaat-bosi-po-ulica-kako-zhiveat-decata-na-andjelina-djoli-i-bred-pit-11.jpg

9. Ги бркаат дадилките.

Анџелина Џоли вработува еден куп луѓе да водат грижа за нејзините најмили. Меѓутоа, по сѐ изгледа тимот од негувателки и тутори не ѝ е од голема полза за воспитување на децата.

За професионалниот персонал претставува невозможна мисија да ја скроти немирната шесторка, така што многумина се откажуваат од работата со нив. Тие имаат тежок карактер и недолично се однесуваат, а како ова да не е доволно, горди сопственици се и на мноштво миленици, од кучиња, преку глодари, па до змии.

Дадилките никогаш не знаат што ќе им се испречи на патот, поради што бегаат како избезумени од домот на познатото семејство.

nemaat-prijateli-shetaat-bosi-po-ulica-kako-zhiveat-decata-na-andjelina-djoli-i-bred-pit-12.jpg

10. Мама им купува љубов.

Љубовта со пари не се купува, ама Анџелина Џоли е мајка која упорно се труди своите деца да ги опсипе со материјални добра.

Иако е хуманитарка што со години патува низ светот и води кампањи за сиромаштијата, таа последните месеци не штеди долари кога се нејзините малечки во прашање.

Со изобилството подароци, поранешната сопруга на Бред Пит се обидува колку е можно повеќе да им го крене духот и разведри после разводот од нивниот татко. Особено на Шајло, бидејќи таа најтешко ја доживеа разделбата на родителите.

nemaat-prijateli-shetaat-bosi-po-ulica-kako-zhiveat-decata-na-andjelina-djoli-i-bred-pit-13.jpg

11. Тато е строгиот родител.

Дури живееја заедно, Бред Пит беше главен и одговорен за редот и дисциплината во семејството. За разлика од него, Анџелина Џоли никогаш не била строг родител. Има слободен дух, па ако таа се прашува, не важат апсолутни никакви правила.

Различните животни филозофии, посебно за воспитувањето на децата, честопати водеа до сериозни несогласувања во врската на славната двојка. Многумина го издвојуваат ова и како клучна причина за конечната разделба на ѕвездите.

А, сега кога не се повеќе во брак, работите се драстично излезени од контрола.

nemaat-prijateli-shetaat-bosi-po-ulica-kako-zhiveat-decata-na-andjelina-djoli-i-bred-pit-14.jpg

12. Не се дружат со деца.

Иако глумицата често истакнува дека водат сосема нормален живот, вистината е дека реалноста на нејзините наследници е далеку од тоа. Пропуштаат голем дел од детството, најмногу поради неможноста да се дружат со врсниците.

Анџелина Џоли ги смета децата за свои најдобри пријатели. И обратно. Всушност, таа им е и единствениот пријател што го имаат во животот, пишува британскиот весник „Daily Mail“. Со константната потреба да ги држи врзани за себе, актерката им ја попречува социјализацијата со другари на иста возраст.

Веројатно на ова се должи и проблематичното однесување, односно неможноста да ги контролираат емоциите и конфликтите помеѓу себе.

nemaat-prijateli-shetaat-bosi-po-ulica-kako-zhiveat-decata-na-andjelina-djoli-i-bred-pit-15.jpg

М. А. | Црнобело 



Би можело да ве интересира:

„10 причини зошто животот ми е многу поубав без деца“ – Жена предизвика онлајн дебата „Како што моите пријателки почнаа да стапуваат во брак и да добиваат деца, стану...
„Се откажав од старателството над син ми – го гледам само 6 дена месечно и сум подобра мајка“ „Никој не вели ништо ако таткото минува само шест дена месечно со неговото дете....
„Имам 7-годишна ќерка, а девица сум. Никогаш не барав маж, сакав само дете“ „Не сум асексуална, имам желби. Но бидејќи никогаш не сум имала секс – не ми нед...
„Готвев, чистев и одев на работа, a маж ми само си уживаше – побарав развод по 23 години ’среќен‘ бр... „Кога се присетувам на динамиката во нашата врска низ годините, се запрепастувам...
„Се оддалечив од мајка ми поради сопругот, како Бруклин Бекам – уште жалам што не ѝ кажав дека ја са... „Кога мајка ми почина од рак на белите дробови, силно ја прегрнав и ѝ се извинив...
Никица Ацева расте 2 мали деца во Германија: „Двапати се породив во иста болница тука, често плачат ... „Промената од 1 на 2 деца беше потешка, отколку од 0 на 1, како што и очекував. ...

Најчитани неделава