„Имам 4 деца, но најтешко ми беше кога го добив првото дете, животот повеќе не ми беше ист“

„Преминувањето од живот без деца на живот со дете ми го растресе светот. Ноќите во град се претворија во ноќи дома. Виното со пријателките навечер стана кафе во 5 часот наутро...“

imam-4-deca-no-najteshko-mi-beshe-koga-go-dobiv-prvoto-dete-zhivotot-povekje-ne-beshe-ist-01.jpg

Писмото на мајката на 4 деца Мелиса Вилетс кое кружи вирално дава одлична перспектива на мајчинство.

„Истражувањата покажуваат дека најстресен број на деца е 3, но јас како мајка на 4 деца немам такво искуство. Не ме сфаќајте погрешно, да се има толку деца не е како прошетка во парк. Тоа е 24/7 часа работа на ден и трчање низ домот само за да ги задоволам нивните потреби.

Сепак, најпредизвикувачки број на деца ми беше 1. Преминувањето од живот без деца на живот со дете ми го растресе светот.

Пред да бидам мајка, мојот живот се вртеше околу мене. Потоа ми се роди ќерката и оттогаш ниту еден ден повеќе не беше посветен само на мене. Денот, како и на сите мајки, ми почнуваше кога таа ќе посака да стане од кревет. Повеќе немав време за шминка. Бев среќна ако успеам да се истуширам или да си ги исчупам веѓите.

Ноќите во град се претворија во ноќи дома. Виното со пријателките навечер стана кафе во 5 часот наутро. Животот кој го знаев пред да имам дете беше заминат и бев комплетно неподготвена за новата реалност.

Ми беше претешко да се навикнам. Не ме сфаќајте погрешно сакав што сум мајка, но не знаев како ќе испадне мојот живот. Не знаев дека деновите ќе ми минуваат само во кујна и во играње со играчки и дека очајно ќе ми недостига разговор со возрасна личност и да имам други цели, освен перењето алишта додека бебето спие.

Исто така бев строга кон себе. Сакав да бидам супер мајка, да раскажувам приказни на детето, да има строг распоред, да не оди во кревет подоцна од 19 часот и си ставав преголем притисок на себе.

Потоа забременив со второто дете и пријателите ме предупредуваа дека промената ќе ми биде брутална, но имаше голема разлика при раѓањето на втората ќерка.

Веќе немав сопствен живот, па очекувањата за времето посветено само на себе не ми беа големи. Веќе 2 години немав пиено кафе на раат, бев навикната на животот на мајка и се имав откажано од перфекционизмот затоа што тоа кога сте мајка тоа е нереално очекување.

Целта ми беше двете деца да ги одржам здрави и безбедни и кога тоа ќе го остварев се честев со чаша вино.

Потоа почнаа да си играат едно со друго, па се родија третото и четвртото дете и веќе научив да се смеам на хаосот и релаксирано му пристапував на мајчинството. Ги ценев малите работи повеќе од кога било и не се опседнував во престори правила.

Најмногу ми помогна ставот дека сè е фаза и сè ќе помине. Ги научив да ми бидат мали помагачи, да средуваат играчки, па и соба, а некогаш и сами да си земат појадок.

Прифатив дека домот ќе ми биде во неред и секогаш ќе биде гласно и дека ќе јадам на нога и дека сè додека моите деца не плачат јас сум добро.

Кога ќе ми дојде преку глава од сè помислувам дека сум здрава (поголемиот дел од времето) и среќна (барем на моменти) и се смирувам.“

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Писмо до моето дете: „Ти си мојата сјајна ѕвезда во овој темен универзум“ Мое дете... Ти си моето денес, моето утре и сите мои денови, по утрешниот. Ти си...
Луѓе постари од 40 години откриваат: „Зошто не зажалив што немам деца?“ „Со партнерот ја имаме целата слобода што ја сакаме. Можеме да патуваме кога сак...
„Не сакам да имам деца – мојата цел е да спијам, да одам во шопинг и да одам на маникир“ „Дали децата се целта во животот и дали ако имате деца нема воопшто да имате вре...
Илустрации за родители: Како да се справите со непријатните ситуации со вашите деца? Што да направите кога детето не сака да ги дели играчките или, пак, кога ќе науч...
7 работи што ги правам со моето дете, иако сите ме советуваа спротивно Ја земам во раце и ја прегрнувам кога плаче, иако велат дека не треба, бидејќи ќ...
Мајка од Кина го пронашла киднапираниот син по 32 години - Бил продаден на пар без деца за 760 евра Ли Џингзи од Кина поминала повеќе од три децении во потрага по својот син, Мао Ј...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg