Најголемите митови и предрасуди за мајките во кои многу луѓе сè уште веруваат

Митовите постојат секаде околу нас, со нив растеме и со нив се формиравме како личности. Иако митолошките приказни имаат доза на романтизам во себе, митовите со кои се соочуваат мајките во реалноста не се романтични. 

Najgolemite mitovi i predrasudi za majkite vo koi mnogu luge se uste veruvaat 01

Толку многу работи се кажуваат за жените и за мајчинството, за тоа како треба да изгледаат и како треба да се чувствуваат во врска со оваа тешка улога.

Ова се некои од најголемите митови за мајките во кои многу луѓе веруваат, а не треба:

Мит 1. Сите жени имаат мајчински инстинкт

Митот за мајчинскиот инстинкт е можеби најраспространетиот мит во современиот свет. Според него секоја жена во себе има „прекинувач“ кој се активира штом ќе стане мајка. Велат дека се работи за нешто што е вродено и дека жените кои го немаат тој инстинкт не се целосно развиени.

Според овој мит бремената жена не чувствува страв и нема сомнежи, бидејќи „знае“ што треба да прави и како треба да се однесува. Реалноста е сепак малку поинаква.

Постојат мајки кои решаваат да ги дадат децата на посвојување, технички би рекле дека овие жени немаат мајчински инстинкт? Ова не е точно. Една толку сложена улога не може да се сведе на постоење на внатрешен и биолошки механизам кој делува според команда.

Тоа е како да претпоставиме дека сите се раѓаат со вродено знаење за тоа како да се движат или како да пишуваат, иако знаеме дека се работи за вештини научени и усовршувани со текот на времето.

Истото е и со мајчинството, кое не е само по себе вродено и не може да се претпостави дека секоја жена сака да биде мајка или дека сите жени знаат што да прават кога ќе станат мајки.

Мајчинскиот инстинкт не зависи од тоа дали жената сака да биде мајка или не. На оваа одлука влијаат многу фактори, а постојат и индивидуални разлики во самиот процес на донесување на овие одлуки.

Najgolemite mitovi i predrasudi za majkite vo koi mnogu luge se uste veruvaat 02

Мит 2. Мајката чувствува само позитивни емоции кон своето дете

Една од претпоставките е дека мајката има само позитивни чувства кон своето дете. Нормално да бидете лути на вашето бебе или во еден момент да сакате да викате, ова не ве прави лоша мајка.

Понекогаш ќе имате чувство дека сте ја изгубиле контролата и дека сте се изгубиле себеси во вашиот хаос. Во овие моменти најверојатно нема да бидете пресреќни, ниту пак ќе имате огромно разбирање за луѓето околу вас.

Сето ова не кажува дека сте лоша мајка, туку дека ви треба мир и дека сте под стрес. Децата некогаш можат да бидат ангели, а некогаш мали ѓаволи, тоа е нивната работа, на тој начин учат за светот.

Мит 3. Мајката не е себична

Големиот мит вели: Една од главните особини на мајката е што таа никогаш не размислува за себе и е целосно посветена на своето дете. Вистинската мајка нема лични потреби, нејзиниот живот има смисла само ако нејзините деца се среќни.

Посветеноста е голем дел од мајчинството, секако, но тоа не значи дека мајките треба целосно да ги запостават нивните потреби. Запустување на сопствените желби доведува до фрустрација и нервоза.

На детето нема да му значи ништо да има мајка која е незадоволна од својот живот. Детето не го гледа тоа на тој начин, тоа само гледа мајка која не ужива и која испраќа порака дека саможртвувањето е единствениот начин на изразување на љубов.

Во ред е да размислувате за себе и во ред е да направите нешто за себе.

Najgolemite mitovi i predrasudi za majkite vo koi mnogu luge se uste veruvaat 03

Мит 4. Мајката не мисли на секс

Точно е дека мајките се преокупирани со многу мисли, но тоа не значи дека не размислуваат и за сексот. И покрај развојот на современото општество, сексот сè уште се смета за табу тема, а идејата дека мајките сакаат секс е изнесена како нешто бизарно и нелогично.

На мажите им е понекогаш тешко да ја видат жената (по породувањето) како сексуално битие, но со разговор може да се надмине оваа пречка. Интимноста им овозможува на партнерите да го развиваат и одржуваат односот.

Мит 5. Мајката не работи

Овој мит има две значења: прво, самото мајчинство не е работа, второ вработените жени не можат да бидат добри мајки. Поради овој мит се создава чувство на вина.

Мајките кои работат чувствуваат вина доколку не го поминуваат времето со детето, а мајките кои не работат чувствуваат дека не придонесуваат доволно. Вината е најчестиот придружник на сите мајки и најтешко може да се искорени.

Покрај овие, постојат уште многу митови и предрасуди поврзани за мајчинството. Она што е важно е дека секоја мајка и секое дете имаат приказна за себе.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Мајка од Србија со моќна порака: „Среќно дете не е тивко и мирно дете – 7 работи кои е нормално да г... 1.Зборува само со себе додека си игра. 2. Се однесува будалесто и пее измислени ...
„Се оддалечив од мајка ми поради сопругот, како Бруклин Бекам – уште жалам што не ѝ кажав дека ја са... „Кога мајка ми почина од рак на белите дробови, силно ја прегрнав и ѝ се извинив...
„Се откажав од старателството над син ми – го гледам само 6 дена месечно и сум подобра мајка“ „Никој не вели ништо ако таткото минува само шест дена месечно со неговото дете....
„10 причини зошто животот ми е многу поубав без деца“ – Жена предизвика онлајн дебата „Како што моите пријателки почнаа да стапуваат во брак и да добиваат деца, стану...
14 носталгични докази дека мајките во минатото и денес се како „небо и земја“, низ илустрации Зборувањето за менструацијата било речиси табу, а многу девојки ги криеле своите...
6 лекции на кои секоја мајка треба да ја научи својата ќерка (и не се за мажи) Твојот ум е твојот најсилен адут. Физичкиот изглед привлекува луѓе, но менталнат...

Најчитани неделава