Зошто децата им веруваат на киднаперите, дури и кога знаат дека не треба?

Ова лето во Русија направиле социјален експеримент со киднапирање – странци се обидувале да излажат деца на возраст од 3 до 12 години. 

zoshto-decata-im-veruvaat-na-kidnaperite-duri-i-koga-znaat-deka-ne-treba-01.jpg

Во експериментот учествувале 17 деца кои си играле на игралиште, а дури 15 им поверувале на странците. Само две 6-годишни деца одбиле да го напуштат игралиштето.

Овој резултат е застрашувачки бидејќи покажува колку всушност е лесно да се киднапира дете.

Како се киднапираат децата?

Најголемиот проблем е што без разлика колку луѓе има на игралиштето, тие не обрнуваат внимание дали некое дете е во опасност. Во многу експерименти со киднапирање, возрасните воопшто не билe свесни што се случувало.

Причината за ова е тоа што киднаперите користат фрази кои се популарни и кои не оставаат простор за грижа.

Најчесто киднаперите им пријдуваат на децата нудејќи им нешто, како на пример сладолед или бонбонче. Понекогаш им кажуваат на децата дека ги познаваат нивните родители, па децата без двоумење тргнуваат со нив.

Во некои случаи, киднаперите можат да се преправаат и дека се полицајци, лекари, пожарникари и слично.

Мотивот на киднаперите може да биде различен. Најчесто ги киднапираат децата за да ги повредат или да ги чуваат во заробеништво. Кај нас овие случаи се навистина ретки, но понекогаш киднаперите бараат и откуп за да го вратат детето.

Токму затоа, неопходно е родителите да бидат многу внимателни и никогаш да не ги оставаат децата да си играат сами, а колку и да изгледа безбедно секогаш треба да ги набљудуваат наместо да си разговараат или да си седат на телефон.

zoshto-decata-im-veruvaat-na-kidnaperite-duri-i-koga-znaat-deka-ne-treba-02.jpg

Дури и постарите деца не се безбедни

Експертите сметаат дека ако киднаперот е жена или тинејџер, неговите шанси за успех се поголеми. Проблемот е што сите, вклучувајќи ги и децата, ги замислуваат киднаперите како мажи.

Поради ова важно е да им објасните на децата дека дури и старите жени и младите девојки можат да бидат лоши личности и дека не треба да веруваат никому, колку и да изгледа љубезно или невино.

Речиси секој родител го советува своето дете да не зборува со странци, но овој совет е невозможен за следење – странци се и продавачот во супермаркетот и келнерот во ресторанот.

Поради ова важно е да им објасните на децата зошто и кои странци се опасни, а најважно е секогаш да ве известуваат за секоја слична ситуација.

zoshto-decata-im-veruvaat-na-kidnaperite-duri-i-koga-znaat-deka-ne-treba-03.jpg

Што го спречува детето да избега?

Во многу случаи, децата навреме сфаќаат дека нешто не е во ред, но сепак продолжуваат да го следат киднаперот. Децата кои биле жртви најчесто изјавувале дека не избегале бидејќи им било срам да побараат помош.

Кога ќе го советувате детето да вика кога е во опасност, тоа е соочено со неколку дилеми. Не знае што да вика, колку гласно треба да биде, што ако не му помогне никој…

Поради тоа добро е да вежбате „барање помош“ со вашето дете. Целта на овие вежби е да го подготвите детето за секаква ситуација, но и да го отстраните срамот.

Неретко децата не бараат помош бидејќи им е страв дека погрешно ја процениле ситуацијата. Сметаат дека ако повикаат помош, а личноста не им мислела лошо, другите ќе почнат да ги исмејуваат.

За ова важно е да му кажете на детето дека неговата безбедност е најважна. Советувајте го да побара помош секогаш кога ќе се почувствува загрозено. 

zoshto-decata-im-veruvaat-na-kidnaperite-duri-i-koga-znaat-deka-ne-treba-05.jpg

Неколку совети за поголема безбедност на вашите деца

- Немојте да го ставате името на детето на неговата облека или неговата училишна торба. Доколку киднаперот му го знае името, детето повеќе ќе му верува.

- Доколку детето се изгуби во трговски центар, советувајте го да најде некој вработен во најблиската продавница. Кажете му никако да не ве бара само, но ниту да не следи никого, туку да замоли некој да ве побара.

- На јавните места, и тоалетите можат да бидат опасни. Немојте никогаш да му дозволувате на детето само да оди во јавен тоалет, туку секогаш одете со него и почекајте го.

zoshto-decata-im-veruvaat-na-kidnaperite-duri-i-koga-znaat-deka-ne-treba-04.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Што треба детето да знае пред да тргне во училиште (а не се букви и броеви)? Дете кое ги знае сите букви, но не умее да почека одмор за да јаде, да каже дека...
Мајка од Србија со моќна порака: „Среќно дете не е тивко и мирно дете – 7 работи кои е нормално да г... 1.Зборува само со себе додека си игра. 2. Се однесува будалесто и пее измислени ...
„10 причини зошто животот ми е многу поубав без деца“ – Жена предизвика онлајн дебата „Како што моите пријателки почнаа да стапуваат во брак и да добиваат деца, стану...
„Се откажав од старателството над син ми – го гледам само 6 дена месечно и сум подобра мајка“ „Никој не вели ништо ако таткото минува само шест дена месечно со неговото дете....
14 носталгични докази дека мајките во минатото и денес се како „небо и земја“, низ илустрации Зборувањето за менструацијата било речиси табу, а многу девојки ги криеле своите...
„Имам 7-годишна ќерка, а девица сум. Никогаш не барав маж, сакав само дете“ „Не сум асексуална, имам желби. Но бидејќи никогаш не сум имала секс – не ми нед...

Најчитани неделава