10 активности кои трудниците може да ги прават во домашна изолација

Уживајте во времето со партнерот

Веројатно и вашиот партнер е почесто дома, па искористете го тоа да поминувате повеќе време заедно.

Организирајте филмска вечер, гответе заедно, играјте друштвени игри, разговарајте…

10-aktivnosti-za-bremeni-zheni-za-polesno-prezhivuvanje-na-karantinot-04.jpg

Размислете за името на бебето

Со сопругот или партнерот направете листа со вашите омилени имиња. Ако немате инспирација, секогаш можете да побарате предлози на интернет.

Медитирајте

Колку и да се обидувате да не размислувате за сè што се случува периодов, понекогаш стресот ќе ве надвладее. Во тие моменти, одвојте барем 10-тина минути за медитација.

На овој начин ќе се смирите, ќе си го подобрите расположението и ќе имате енергија да го продолжите денот.

10-aktivnosti-za-bremeni-zheni-za-polesno-prezhivuvanje-na-karantinot-05.jpg

Размислете и за подароците

Откако ќе се роди бебето, вашите најблиски ќе сакаат да ви купат разни подароци. Наместо да собирате непотребни предмети, направете листа од работите што ќе му бидат потребни на вашето малечко, па саканите ќе можат да му купат нешто што навистина ќе се користи.

Направете си спа-центар во вашиот дом

Кога веќе имате толку слободно време, зошто да не го искористите да се разгалите?

Направете си маска за лице, маникир и педикир, отстранете ги несаканите влакна од телото, направете си топла купка… постојат безброј начин да се релаксирате и во вашиот дом.

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Писмо до моето дете: „Ти си мојата сјајна ѕвезда во овој темен универзум“ Мое дете... Ти си моето денес, моето утре и сите мои денови, по утрешниот. Ти си...
9 причини зошто двегодишните деца се магични, a не неподносливи Децата на 2 години ќе ве сакаат и во најлошите ситуации. Вашиот утрински зд...
Илустрации за родители: Како да се справите со непријатните ситуации со вашите деца? Што да направите кога детето не сака да ги дели играчките или, пак, кога ќе науч...
5 пози што ќе им го олеснат доењето на новите мајки Ако вашето малечко безуспешно се обидува да се „намести“ правилно, не очајувајте...
Не сака да се дружи со деца, бега од врева - Дали и вие имате високо сензитивно дете? Вашето дете ги покрива ушите и му пречи врева, реагира на сѐ што е ново, ги забе...
Фрази што не треба да му ги кажувате на детето (за да биде среќно кога ќе порасне) Немојте да го нарекувате детето „дебелко“ или „слабичко“ или да користите слични...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg