Забавни и креативни детски проекти со картон од тоалетна хартија
Печати
Свиткајте ги картоните во разни форми, дајте му боја и хартија на детето и оставете го да се забавува со часови.

Црвенкапа и ликови од бајки
И овде единствената граница е вашата фантазија. Искористете го картонот од тоалетната како основа, и оживејте ги ликовите од омилените бајки на вашето дете.



Инсекти
Наместо ликови од бајки, можете да направите и инсекти.
Обојте ги картоните од тоалетна со разни бои, исечете крила од хартија, направете антени и очи и вашите инсекти се готови.

Часовник
Ова е одличен начин да го научите вашето дете како да го кажува времето.
Можете да направите неколку часовници кои покажуваат различно време, а вашето дете нека погодува колку е часот на секој од нив.

Спирова С. | Црнобело