7 големи грешки кои родителите често ги прават
Константно штитење на детето од настинки. Спречување на детето да контактира со домашни миленици.

Во образовниот систем учиме многу работи, но не и како да бидеме добри родители.
Младите парови немаат идеја како да се постават и како да се однесуваат кон детето, но и покрај тоа нема потреба секогаш да ги слушаат советите од постарите тетки затоа што многу пати тие се бесмислени.
Најчести родителски грешки:
Константно штитење на вашето дете од настинка, кога нормално е понекогаш детето да се соочи со настинка – на тој начин се формира неговиот имун систем.

Не обрнување внимание дали детето го ставило ременот во автомобилот правилно – не само дали е врзано, туку и како е врзано.

Лошо и длабоко сечење на ноктите, кое може да доведе до растење во кожа и подоцнежно гноење и проблеми.

Оставање на детето предолго време во транспортер – ова не е добро за бебето кое уште нема оформено силни мускули на вратот, па така по 2-часовно патување бебето треба да биде ставено на креветче или да се направи пауза.

Присилување на вашето дете да јаде – во ред е да оставите детето да огладне понекогаш и само да побара храна.

Спречување на контактот со животни поради страв од бактерии. А всушност контактот со милениците го подобрува имунитетот на детето.

Подигнување и вртење на детето држејќи го само за рацете- ова е неприфатливо затоа што лигаментите на малите деца се слаби и може да дојде до истегнување или повреда на зглобовите.

С. С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
7 старомодни родителски правила кои можат да ги спасат денешните деца
Нека научат на потешкиот начин... „Син ми излезе без јакна на -5°C. Не му ј...
6 грешки кои родителите ги прават ненамерно (и ве оддалечуваат од децата)
Не дозволувајте вашето расположение да влијае на односот со дететo, не правете н...