Руски психолог: Најдобра казна за детето е лишување од задоволство, а не нанесување на болка

Јулија Борисовна Хипенрејтер е познат руски психолог и семеен психотерапевт, како и автор на бројни книги за родителството.

ruski-psiholog-najdobra-kazna-za-deteto-e-lishuvanje-od-zadovolstvo-a-ne-nanesuvanje-na-bolka-001.jpg

Преку нејзините книги, ги советува и подучува родители како да изградат здрав однос со децата и како да разговараат со нив.

Ова се дел од нејзините главни потточки и тајни:

1. Прифатете го детето безусловно – тоа не значи да го сакате затоа што е убаво, паметно, одлично со успех – туку да го сакате само затоа што постои.

2. Не се мешајте во она што детето го прави, ако не бара помош. Насмевнете се и кажете му: „Добро ти оди, секако дека ќе се снајдеш.“

3. Ако детето бара и е подготвено да прифати помош, задолжително помогнете му. Притоа, не го преземајте она што може да го направи, туку само оние сегменти кои му се тешки.

4. Детето утре ќе го направи она што денес го правело со неговата мајка и од причина што баш истото го правело „со мама.“ Количината на она што го правите заедно станува неговиот потенцијал.

5. Полека, но сигурно, тргајте ги од вас грижите и обврските за личните работи на детето и препуштајте му ги него.

6. Личноста и спобосноста на детето се развиваат само во онаа област која само ја одбрало.

7. Не постои ситуација во која детето се удира.

8. Можете да изразувате незадоволство поради некоја постапка на детето, но не и поради самото дете.

9. Прегрнувајте го вашето дете повеќепати дневно – 4 прегратки се неопходни за преживување, а за добро расположение се потребни најмалку 8. И ова не важи само за децата.

10. Најдобра казна за детето е да го лишите од некое задоволство, а не да му нанесете зло или болка.

11. Не само што на децата им се потребни ред и правила на однесување, туку тие ги очекуваат од вас. Така полесно го разбираат животот и полесно се снаоѓаат во него.

12. Она што сакаме да го промениме кај детето, најпрво треба внимателно да провериме дали тоа е истото она што сакаме да го промениме кај себе.

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Што треба детето да знае пред да тргне во училиште (а не се букви и броеви)? Дете кое ги знае сите букви, но не умее да почека одмор за да јаде, да каже дека...
Мајка од Србија со моќна порака: „Среќно дете не е тивко и мирно дете – 7 работи кои е нормално да г... 1.Зборува само со себе додека си игра. 2. Се однесува будалесто и пее измислени ...
„Се откажав од старателството над син ми – го гледам само 6 дена месечно и сум подобра мајка“ „Никој не вели ништо ако таткото минува само шест дена месечно со неговото дете....
Никица Ацева расте 2 мали деца во Германија: „Двапати се породив во иста болница тука, често плачат ... „Промената од 1 на 2 деца беше потешка, отколку од 0 на 1, како што и очекував. ...
„Имам 7-годишна ќерка, а девица сум. Никогаш не барав маж, сакав само дете“ „Не сум асексуална, имам желби. Но бидејќи никогаш не сум имала секс – не ми нед...
14 носталгични докази дека мајките во минатото и денес се како „небо и земја“, низ илустрации Зборувањето за менструацијата било речиси табу, а многу девојки ги криеле своите...

Најчитани неделава