„За да ги однесам децата кај пријателите на базен пакувам 5 торби и се истоштувам, но вреди!“ (фото)

„5 торби и 45 минути за да спакувам сè за да појдеме кај пријателите на базен. 5 торби!!! 1 за грицки и пијалаци, 1 за нашите пешкири, 1 за пелени, крема за сончање, резервна облека, паричник и клучеви, 1 за играчки на вода, 1 за потоа да ги складирам влажните костими за капење и пешкирите.“

za-da-gi-odnesam-decata-kaj-prijatelite-na-bazen-pakuvam-5-torbi-i-se-istoshtuvam-no-vredi-eca-foto-01.jpg

Холи Дигнен е мајка на мали деца, која на својот Инстаграм профил искрено споделува детали од мајчинството.

Сега таа сподели навистина емотивна и реална објава за тоа што ѝ е потребно на една мајка за да тргне со своите деца каде било.

Таа конкретно споделува што сè морала да спакува за да ги однесе децата на базен кај пријателите.

za-da-gi-odnesam-decata-kaj-prijatelite-na-bazen-pakuvam-5-torbi-i-se-istoshtuvam-no-vredi-eca-foto-06.jpg

Нејзината објава:

„5 торби и 45 минути за да спакувам сè за да појдеме кај пријателите на базен, а кои ни се на само 3 минути возење со автомобил. 5 торби!!!
1 за грицки и пијалаци,
1 за нашите пешкири,
1 за пелени, крема за сончање, резервна облека, паричник и клучеви,
1 за играчки на вода,
1 за потоа да ги складирам влажните костими за капење и пешкирите.

Ова е само мал приказ на тоа што им е потребно на мајките за да одат каде било со своите деца во лето.

Овие 5 торби се приказ на умот на една мајка.

Тие покажуваат колку подготовка и време е потребно за мајката да ги направи децата среќни, колку пакување на торби на пеколно топло време. Тоа ме прикажува мене како одам нагоре надолу по скалите затоа што сум заборавила нешто кое требало да го земам со нас.

Тоа ме прикажува мене како ги ставам децата и ги складирам работите во автомобилот. Тоа ме прикажува како ги вадам децата и работите од автомобилот и носење на сето тоа во дворот на пријателите кај базенот. Потоа истото тоа за накај дома.

za-da-gi-odnesam-decata-kaj-prijatelite-na-bazen-pakuvam-5-torbi-i-se-istoshtuvam-no-vredi-eca-foto-05.jpg

Тие 5 торби прикажуваат дека 4 пати го пресоблеков моето дете од костим за капење во обична облека и обратно. Зошто? Затоа што беше уморно, жедно, гладно, сакаше да оди на лулашка, сакаше да оди повторно во вода и сакаше да ја мачи мама.

Но, тие 5 торби го симболизираат и гледањето на мојот 7-годишник како плива под вода, нешто кое не можеше да го направи никогаш претходно.

za-da-gi-odnesam-decata-kaj-prijatelite-na-bazen-pakuvam-5-torbi-i-se-istoshtuvam-no-vredi-eca-foto-03.jpg

Тие симболизираат како си игра со пријателите и одмора од електронските екрани. Тие го симболизираат прогресот по изолацијата од изминатата година. Тие симболизираат едно од магичните лета кои ги добивам додека моите деца се сè уште мали.

Тие 5 торби покажуваат дека мајките ќе направат сè за на нивните деца да им го дадат животот кој го заслужуваат. Тие симболизираат љубов, пот, солзи и истоштеност од мајчинството. Тие го симболизираат товарот кој ние мајките го имаме секојдневно на рамениците за да бидеме одлични во улогата.

Тие 5 торби имаат многу големо значење зад нив кое не секој може да го види, па погледнете на мајчинството низ моите очи. Тоа е диво и тешко на моменти, но дефинитивно вреди.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

12 фото-докази дека нашите баби и дедовци биле „фраери“ во свое време Дали ви се случило да ги разгледувате старите семејни албуми и во нив да најдете...
Емотивни исповеди: „Мајка ми и татко ми останаа во брак заради мене – животот ми беше пекол“ „Моите родители останаа во брак заради нас, децата. Сега имаат 80 години, уште с...
„Готвев, чистев и одев на работа, a маж ми само си уживаше – побарав развод по 23 години ’среќен‘ бр... „Кога се присетувам на динамиката во нашата врска низ годините, се запрепастувам...
14 носталгични докази дека мајките во минатото и денес се како „небо и земја“, низ илустрации Зборувањето за менструацијата било речиси табу, а многу девојки ги криеле своите...
Децата не знаат за предрасуди, ги учат од нас Кога ќе се родиме, ние сме најчистите суштества на планетата. Родени од љубов и ...
„Си дадов отказ од функцијата директорка за да бидам продавачка - само за да имам повеќе време со де... „Работев од 8 до 18 часот, често имав и повици во текот на денот и ноќта. Не мож...

Најчитани неделава