„Ја мразев новата жена на мојот бивши маж – сега сме најдобри пријателки“

„Не ја сакав Медисон. Ниту една мајка не сака да биде заменета и мислата дека мојот син Бекам може да ја сака неа повеќе од мене ми беше неподнослива, но работите се променија, сега ја обожавам“, вели Тејлор Кол за новата сопруга на нејзиниот поранешен маж.

ja-mrazev-novata-zhena-na-mojot-bivshi-mazh-sega-sme-najdobri-prijatelki-01.jpg

Тејлор Кол (27) од Јута има 3-годишен син Бекам со поранешниот сопруг Гентри. Кога за првпат по разводот тој ѝ ја претставил неговата нова девојка Медисон, Тејлор воопшто не била среќна и ја мразела. Таа дури се карала со неа кога таа прикачувала фотки од нејзиниот син Бекам на социјалните мрежи.

ja-mrazev-novata-zhena-na-mojot-bivshi-mazh-sega-sme-najdobri-prijatelki-05.jpg

Но, сега таа вели дека станале добри пријателки и дека е среќна поради изборот на нејзиниот поранешен сопруг. Гентри и Медисон сега се во брак.

Тејлор открива дека тие се слушаат секој ден, одат на СПА заедно, слават празници и се консултираат во врска со грижата за малиот Бекам.

ja-mrazev-novata-zhena-na-mojot-bivshi-mazh-sega-sme-najdobri-prijatelki-03.jpg

Тејлор признава дека на почетокот била заплашена дека Медисон ќе ја заземе нејзината позиција како мајка на Бекам и вели:

„Не ја сакав Медисон. Ниту една мајка не сака да биде заменета и мислата дека Бекам може да ја сака неа повеќе од мене ми беше неподнослива.

Си давав свои претпоставки каква е таа како личност и не ги гледав работите од нејзина перспектива. Не се сакавме една со друга, но не поради тоа какви сме карактерно, туку поради ситуацијата во која се најдовме.

Плус на ова влијаеше и тоа што со Гентри се разделивме многу лошо и се боревме на суд за старателството на Бекам. Тогаш не можев воопшто да предвидам дека ќе постои миг кога ние ќе бидеме пријатели. На почетокот давав сè од себе за да го избегнам, а кога ќе се видевме секогаш се каравме“.

Ситуацијата помеѓу Тејлор и Медисон добила нов тек кога Медисон ја поканила на нејзината свадба со Гентри и јасно ѝ кажала дека никогаш не била нејзина намера да му биде мајка на Бекам, туку само сака да му даде дополнителна поддршка и љубов.

ja-mrazev-novata-zhena-na-mojot-bivshi-mazh-sega-sme-najdobri-prijatelki-04.jpg

Тие толку се спријателиле што сега Тејлор постојано ѝ вели на Медисон дека ако би морала таа да избере која да му биде друга мајка на Бекам, би ја избрала Медисон.

Тејлор за Медисон вели: „Таа ми е најдобра пријателка, ѝ кажувам сè“.

Инаку, Тејлор сега има и 1-годишен син од бракот со Камерон.

ja-mrazev-novata-zhena-na-mojot-bivshi-mazh-sega-sme-najdobri-prijatelki-06.jpg

Медисон и Тејлор сега имаат и Инстаграм профил на кој прикажуваат како фунционираат заедно и сакаат да ги инспирираат другите.

Повеќе фотки од нивниот Инстаграм профил на следната страна...



Би можело да ве интересира:

12 фото-докази дека нашите баби и дедовци биле „фраери“ во свое време Дали ви се случило да ги разгледувате старите семејни албуми и во нив да најдете...
6 лекции на кои секоја мајка треба да ја научи својата ќерка (и не се за мажи) Твојот ум е твојот најсилен адут. Физичкиот изглед привлекува луѓе, но менталнат...
„Се откажав од старателството над син ми – го гледам само 6 дена месечно и сум подобра мајка“ „Никој не вели ништо ако таткото минува само шест дена месечно со неговото дете....
„Имам 7-годишна ќерка, а девица сум. Никогаш не барав маж, сакав само дете“ „Не сум асексуална, имам желби. Но бидејќи никогаш не сум имала секс – не ми нед...
„10 причини зошто животот ми е многу поубав без деца“ – Жена предизвика онлајн дебата „Како што моите пријателки почнаа да стапуваат во брак и да добиваат деца, стану...
„Готвев, чистев и одев на работа, a маж ми само си уживаше – побарав развод по 23 години ’среќен‘ бр... „Кога се присетувам на динамиката во нашата врска низ годините, се запрепастувам...

Најчитани неделава