„Имам 37 години и бремена сум 12-ти пат - децата бараа уште едно дете“

„Кога ќе стигнеш до одреден број, обврските како родител не се менуваат. Со последните неколку деца не забележавме дека нештата се потешки од претходно“ – вели Кортни Роџерс (37) од САД која е бремена по 12-ти пат.

zhena-od-sad-ima-37-godini-i-bremena-e-po-12-ti-pat-decata-baraa-ushte-edno-dete-01.jpg

Пар од САД го очекува своето 12-то бебе во 12 години. Кортни и Крис Роџерс од САД велат дека нивните 11 деца постојано барале „само уште едно бебе“ за да може да наликуваат на ликовите од филмот Cheaper by the Dozen со Стив Мартин и Кејт Бејкер.

Кортни (37) е домаќинка, а нејзиниот сопруг Крис (33) по професија е свештеник и веќе имаат 11 деца чиишто имиња започнуваат на буквата К (англиски C): Клинт (11), Клеј (10), Кејд (8), Кали (8), Кеш (6), Колт и Кејс (6-годишни близнаци), Калена (4), Кејди (3), Корали (2) и Карис (9 месеци). Тие очекуваат да станат родители по 12-ти пат во март следната година.

„Мошне сме возбудени затоа што сакавме 12 деца. Многу сум благодарна за тоа што се случува и нема да има многу голема разлика во годините помеѓу децата.

Го сакам мојот живот и сакам да бидам мајка и домаќинка. Новото бебе ќе се роди во истиот период кога моето најголемо дете ќе наполни 12 години“ – вели Кортни.

Тие велат дека сè уште не го знаат полот на најновото дете, но сигурни се дека и неговото име ќе почнува на буквата К.

Како што вели, нејзиниот сопруг би сакал да имаат уште едно девојче, за да имаат 6 момчиња и 6 девојчиња, а таа би сакала уште едно момче, затоа што одамна немале момче.

Кортни признава дека кога се омажила на 24 години не помислувала дека ќе имаат толку многу деца. Првиот пат имала спонтан абортус, па првото дете го родила на возраст од 26 години.

Што се однесува до големиот број бремености што ги поминала, таа вели дека е од оние среќните што немаат проблеми со мачнини или болки:

„За секого е различно, но моето тело вообичаено добро ја прифаќа бременоста. Најверојатно немаше да имаме толку многу деца ако не беше така“ – вели таа.

Како што вели, веќе нема ниту потреба да бара помош од поголемите деца.

„Кога ќе стигнеш до одреден број, обврските како родител не се менуваат. Со последните неколку деца не забележавме дека нештата се потешки од претходно, како и тие отсекогаш да си биле со нас.

Јас во главно се грижам за бебињата и тие спијат во мојата соба. Може да се случи едно од поголемите деца да ги придржи додека правам вечера, но освен што си играат со нив, тоа е единственото нешто што го прават“ – вели таа.

Инаку, Кортни и Крис нивните деца ги образуваат дома и не ги праќаат во училиште. Тие живеат на фарма заедно со 140 животни, а активни се и на социјалните мрежи каде редовно објавуваат фотографии.

Погледнете дел од фотографиите:

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„10 причини зошто животот ми е многу поубав без деца“ – Жена предизвика онлајн дебата „Како што моите пријателки почнаа да стапуваат во брак и да добиваат деца, стану...
„Се откажав од старателството над син ми – го гледам само 6 дена месечно и сум подобра мајка“ „Никој не вели ништо ако таткото минува само шест дена месечно со неговото дете....
12 фото-докази дека нашите баби и дедовци биле „фраери“ во свое време Дали ви се случило да ги разгледувате старите семејни албуми и во нив да најдете...
„Готвев, чистев и одев на работа, a маж ми само си уживаше – побарав развод по 23 години ’среќен‘ бр... „Кога се присетувам на динамиката во нашата врска низ годините, се запрепастувам...
„Се оддалечив од мајка ми поради сопругот, како Бруклин Бекам – уште жалам што не ѝ кажав дека ја са... „Кога мајка ми почина од рак на белите дробови, силно ја прегрнав и ѝ се извинив...
Никица Ацева расте 2 мали деца во Германија: „Двапати се породив во иста болница тука, често плачат ... „Промената од 1 на 2 деца беше потешка, отколку од 0 на 1, како што и очекував. ...

Најчитани неделава