Писмо до моето второ дете: „Ќе признаам - не станував секоја секунда да те проверувам дали дишеш“

„Да, твојата облека можеби е користена, односно „втора рака“, и фотографиите за специјалните поводи не ти се планирани, а некогаш доцнат и по неколку дена и ти не ме направи „мама“, но ме направи мајката која се гордеам што сум.“

pismo-do-moeto-vtoro-dete-kje-priznaam-ne-stanuvav-sekoja-sekunda-da-te-proveruvam-dali-dishesh-01.jpg

Моето второ дете,

Можеби дојде по тој ред, но ти не се второрангирано,

Единствено што си второ за мене е што си ми втор јазик.

Оној кој морав да го научам затоа што ти си толку поинакво од моето прво дете (твоето братче/сестричка).

Мојот втор ветар, кога работите стануваат премногу, е некои денови стануваат, ти ми даваш благодат да бидам трпеливa со себе.

Мојата втора природа, да, ти си си своја мала личност, но работите беа малку полесни овојпат. Го немав стресот од улогата мајка за првпат.

Мојата втора кожа, ги ценам нашите милувања под ќебето каде можам да го вдишам твојот мирис, убав како оној на стара книга.

pismo-do-moeto-vtoro-dete-kje-priznaam-ne-stanuvav-sekoja-sekunda-da-te-proveruvam-dali-dishesh-02.jpg

Ќе признаам, не станував секоја секунда да те проверувам дали дишеш, го чувствував тоа во мојот срцев ритам додека спиев.

Не ја проверував мојата апликација толку често како со првото дете за дали треба да ти испасирам авокадо или да ти исцедам сок и твојата книга со спомени уште не ми е готова, иако уште ми е на ум.

Да, твојата облека можеби е користена, односно „втора рака“, и фотографиите за специјалните поводи не ти се планирани, а некогаш доцнат и по неколку дена.

Ме слушаш како врескам повеќе од што би сакала да признаам, ти не пристигна во мир и тишина, а гласот на моето тивко пеење најчесто е прекинат од нешто што се крши и потоа со врескање уште повеќе.

Се слушам себеси како си кажувам „Издржи за миг, почекај секунда“, но тоа не значи дека ти дојде како нешто второ во мојот живот, никогаш немој да ти падне тоа на ум.

Можеби не сум способна да ти дадам сè што сакаш, но секогаш ќе се трудам да ти дадам сè што ти е потребно, те молам не се сомневај во тоа.

Знај во твоето мало главче, дека имаш посебно место во моето срце.

Да, ти си ми второ дете, но не ѝ втора половина од срцето, туку друга половина од него.

Ти не ме направи „мама“, но ме направи мајката која се гордеам што сум.

Би поместила планини за тебе.

Те сакам мое второ дете, кое во ниту еден миг не е второ.

Извор

Би можело да ве интересира:

Мајка од Србија со моќна порака: „Среќно дете не е тивко и мирно дете – 7 работи кои е нормално да г... 1.Зборува само со себе додека си игра. 2. Се однесува будалесто и пее измислени ...
14 носталгични докази дека мајките во минатото и денес се како „небо и земја“, низ илустрации Зборувањето за менструацијата било речиси табу, а многу девојки ги криеле своите...
„Се откажав од старателството над син ми – го гледам само 6 дена месечно и сум подобра мајка“ „Никој не вели ништо ако таткото минува само шест дена месечно со неговото дете....
„Се оддалечив од мајка ми поради сопругот, како Бруклин Бекам – уште жалам што не ѝ кажав дека ја са... „Кога мајка ми почина од рак на белите дробови, силно ја прегрнав и ѝ се извинив...
„Готвев, чистев и одев на работа, a маж ми само си уживаше – побарав развод по 23 години ’среќен‘ бр... „Кога се присетувам на динамиката во нашата врска низ годините, се запрепастувам...
Пар од Македонија, кој живее во Виена, доби шесто дете: „Најмалата ќерка се роди пред 3 дена, благос... „Имаме шест деца кои се на возраст од 13, 11, 6 и 4 години, едно дете од година ...

Најчитани неделава