Украински психолог со совети за среќна врска: „Парите се машка работа – жените треба да знаат како да побараат“

„Ако мажот на првиот состанок чека да ја поделите сметката за кафе – глупаво е да верувате дека кога ќе стапите во брак тој ќе обезбедува за семејството“ – вели контроверзниот украински психолог. Се согласувате ли?

ruski-psiholog-so-soveti-za-srekjna-vrska-parite-se-mashka-rabota-zhenite-treba-da-znaat-kako-da-pobaraat-01.jpg

Финансиите често може да претставуваат проблем во голем број брачни заедници. За жал голем дел од брачните двојки одлучуваат да се разведат заради проблемите со парите. Како правилно да ги распоредите финансиите за успешен брак?

Украинскиот психолог Јарослав Самоилов има свој канал на YouTube што го следат 1.38 милиони следбеници, а активен е и на другите социјални мрежи. Тој освен што е психолог, исто така е експерт и за односите помеѓу мажите и жените, а објавува кратки видеа во кои говори за поголем број проблеми во врските и во бракот.

На веб-страната Econet.ru е објавен неговиот текст насловен „Седум правила за финансиските односи меѓу мажите и жените“ во кој тој изнесува повеќе свои ставови за тоа како треба правилно да се распоредат финансиите во семејството за да се избегнат проблемите и кавгите поврзани со пари.

„Ако мажот на првиот состанок чека да ја поделите сметката за кафе – глупаво е да верувате дека кога ќе стапите во брак тој ќе обезбедува за семејството. Најверојатно ќе очекува жената да продолжи да придонесува со својата ’половина‘ од огромниот семеен буџет“ – вели Самоилов.

Украинскиот психолог кој со своите контроверзни тврдења е вистински хит во Русија, вели дека од една страна жените што сакаат да покажат „европски менталитет“ често велат дека им е непријатно мажите да плаќаат за нив затоа што не сакаат никому да му бидат товар, а од друга страна, пак, жените што често бараат подароци создале стереотип дека бараат само пари.

„Во вистинските здрави врски не постои политика на потрошувачка, туку размена: мажот инвестира и ги покрива потребите на жената, а таа ја охрабрува неговата машкост и го прави успешен“ – вели Самоилов.

На следната страна проследете ги неговите седум финансиски правила за среќен брак...



Би можело да ве интересира:

„Се откажав од старателството над син ми – го гледам само 6 дена месечно и сум подобра мајка“ „Никој не вели ништо ако таткото минува само шест дена месечно со неговото дете....
„10 причини зошто животот ми е многу поубав без деца“ – Жена предизвика онлајн дебата „Како што моите пријателки почнаа да стапуваат во брак и да добиваат деца, стану...
Никица Ацева расте 2 мали деца во Германија: „Двапати се породив во иста болница тука, често плачат ... „Промената од 1 на 2 деца беше потешка, отколку од 0 на 1, како што и очекував. ...
8 смешни, но реални семејни ситуации во кои ќе се пронајдат сите (низ илустрации) Маж кој оди во маркет без список па заборава што требал да купи, или жена која ш...
„Се оддалечив од мајка ми поради сопругот, како Бруклин Бекам – уште жалам што не ѝ кажав дека ја са... „Кога мајка ми почина од рак на белите дробови, силно ја прегрнав и ѝ се извинив...
„Нема да купувам новогодишни подароци, дури ни за моите деца – не им требаат нови играчки што на кра... „Секој треба да отиде до локалната депонија за да ги види планините од ѓубрето ш...

Најчитани неделава