„Имам само едно дете, ме нарекуваат себична, но сакам лесен живот и време за маж ми“

„Сакам лесен живот. Јас едноставно не знам како луѓето се справуваат со 2-3 деца. Ова е животот кој ми се допаѓа и кој немаше да го имам ако имав повеќе од едно дете. Сè ќе беше покомплицирано...“

otsekogash-sakav-da-imam-samo-edno-dete-me-narekuvaat-sebichna-no-sakam-lesen-zhivot-i-vreme-za-mazh-mi-01.jpg

Калипсо Роуз од Велика Британија (40) има 5-годишен син и вели дека отсекогаш знаела дека во животот сака да има само едно дете.

Таа ја пренесува својата приказна за магазинот TheSun:

„Јас сум среќна што пораснав како единствено дете во семејството, па токму затоа одлучив да имам само едно дете во животот. Свесно и намерно.

Како дете никогаш не чувствував дека пропуштам нешто затоа што немав брат или сестра. Немаше периоди од животот кога копнеев да имам брат или сестра.

Не бев осамена во ниту еден миг, затоа што имав многу пријатели на училиште, а ја имав предноста да бидам сама и да си имам време за себе кога и да посакам.

Си смислував игри и си цртав со часови. Ако ништо друго, тоа што бев едно дете дефинитивно ми ја разви имагинацијата.

otsekogash-sakav-da-imam-samo-edno-dete-me-narekuvaat-sebichna-no-sakam-lesen-zhivot-i-vreme-za-mazh-mi-02.jpg

Ги обожавав оние мали предности на тоа да се биде единствено дете во семејството – целиот фокус и внимание беше на мене и можев понекогаш да бидам и малку „шефица“. Мислам дека оттука потекнува тоа што сум толку силен карактер.

Отсекогаш знаев дека ќе имам само едно дете и тоа е затоа што ја сакав мојата независност.

Уживам во животот со мојот син. Го ставам на седиште на велосипед и се возиме.

Ова е животот кој ми се допаѓа и кој немаше да го имам ако имав повеќе од едно дете. Сè ќе беше покомплицирано.

Вака имам повеќе време и за мојот сопруг, затоа што мајка ми лесно прифаќа да се грижи за едно дете, што не би било така да стануваше збор за две деца.

Сакам лесен живот. Јас едноставно не знам како луѓето се справуваат со 3 деца на пример. Едно дете е доволно за мене како за родител. Ги сакам миговите на мир и не уживам во хаосот.

Имам доволно енергија, финансии и фокус за на моето дете да му го овозможам најдобриот живот, баш онака како што заслужува.

Досега функционира за нас совршено и не сум забележала дека е тажен што нема браќа или сестри.

Животот ни е исполнет со љубов авантури и неподелено внимание кон синот. Можеби сум себична, но ние вака сме среќно семејство.“

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Имам 7-годишна ќерка, а девица сум. Никогаш не барав маж, сакав само дете“ „Не сум асексуална, имам желби. Но бидејќи никогаш не сум имала секс – не ми нед...
Мајка од Србија со моќна порака: „Среќно дете не е тивко и мирно дете – 7 работи кои е нормално да г... 1.Зборува само со себе додека си игра. 2. Се однесува будалесто и пее измислени ...
„Се откажав од старателството над син ми – го гледам само 6 дена месечно и сум подобра мајка“ „Никој не вели ништо ако таткото минува само шест дена месечно со неговото дете....
„Престанав да го терам син ми (3) да дели играчки со другите деца – што научив од ова?“ „Додека син ми плачеше откако го натерав да ја даде својата играчка на друго дет...
14 носталгични докази дека мајките во минатото и денес се како „небо и земја“, низ илустрации Зборувањето за менструацијата било речиси табу, а многу девојки ги криеле своите...
Што да правите ако вашето дете е насилник и малтретира други деца? Иако е тешко да признаете дека вашето дете е насилник, не заборавајте дека ова н...

Најчитани неделава