„Ќерките можеби се ‘татини мази’, но се најголемото богатство на мама“

Кога те прашуваат на кого си толку убава, се насмевнуваш и гордо велиш: „На мама!“

kjerkite-mozhebi-se-tatini-mazi-no-se-najgolemoto-bogatstvo-na-mama-01.jpg

Сите велат дека си татина маза, а кога ќе погледнам во огледалото гледам моја мала копија. Иако можеби го немаш мојот лик, на твоето лице го гледам сопствениот израз.

Сѐ уште не можам да поверувам дека бев толку среќна па те добив тебе за да ми бидеш доживотен пријател.

Кога се роди беше толку мала, а сега те гледам и не ми се верува: Кога порасна толку брзо?

Ти си мојата најдобра другарка. Заедно се лакираме, правиме фризури, одиме во шопинг.

Шопингот е позабавен за нас мајките со ќерка. Избираме лакови за нокти и шминки во продавница со часови, додека татко ти нервозно чека пред вратата на продавницата и по стотти пат гледа во часовникот.

Заедно бираме облека и коментираме: „Ова е убаво, не ова не ми се допаѓа“.

Заедно се радуваме и плачеме.

Заедно готвиме, миеме садови, правиме колачиња... Уште не можеш да стигнеш до мијалникот, а веќе бараш да те качам на столче и велиш: „Дај мама, јас... Јас сакам да ти помогнам...“

Кога те прашуваат на кого си толку убава, се насмевнуваш и гордо велиш: „На мама!“

Кога си лута ги ставаш рацете на половина, се муртиш и како во огледало да го гледам сопствениот израз кога ми велиш: „Не, не си фер!“

Растеш брзо и знам дека еден ден ќе најдеш свое јато, свои други најдобри другарки.

Но, знаеш дека секогаш ќе имаш некој што секогаш стои до тебе, твојата најдобра другарка што никогаш нема да те обвинува, да ти се потсмева, а тивко ќе те бодри и ќе те охрабрува.

Се надевам дека еден ден и тебе ќе ти се насмевне среќата и животот и тебе ќе ти подари најдобра другарка и тогаш ќе знаеш дека ќерките можеби се „татини мази“, но се најголемото богатство на мама.

© CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Готвев, чистев и одев на работа, a маж ми само си уживаше – побарав развод по 23 години ’среќен‘ бр... „Кога се присетувам на динамиката во нашата врска низ годините, се запрепастувам...
„Се откажав од старателството над син ми – го гледам само 6 дена месечно и сум подобра мајка“ „Никој не вели ништо ако таткото минува само шест дена месечно со неговото дете....
„Знам во иднина ќе плачам за овие денови кои се многу гласни - домот ми е хаос и ме боли глава од ‘м... „Денес понекогаш ми треба тишина. Но, еден ден… куќата навистина ќе биде тивка. ...
Никица Ацева расте 2 мали деца во Германија: „Двапати се породив во иста болница тука, често плачат ... „Промената од 1 на 2 деца беше потешка, отколку од 0 на 1, како што и очекував. ...
„Почнав да го мразам сопругот откако добивме дете – неговиот живот си продолжи, а јас морав да се от... „Беше јасно дека само поради неговиот пол, неговиот живот ќе продолжи непрекинат...
14 носталгични докази дека мајките во минатото и денес се како „небо и земја“, низ илустрации Зборувањето за менструацијата било речиси табу, а многу девојки ги криеле своите...

Најчитани неделава