Исповед на маж: „Се вратив од службен пат и ја фатив сопругата во кревет со најдобриот пријател на синот“

„Јас ја сакам и сакам да ѝ простам, но таа бара да се разделиме“ – вели овој маж кој раскажува како доживеал непријатна ситуација и ја фатил сопругата во кревет со најдобриот пријател на нивниот син. Тој сега бара совет како да го зачува бракот.

ispoved-na-mazh-se-vrativ-od-sluzhben-pat-i-ja-fativ-soprugata-vo-krevet-so-najdobriot-prijatel-na-sinot-01.jpgфото: The Sun

Поголем дел од партнерите се согласни дека никогаш не би можеле да простат неверство, а овој маж со своето писмо до колумнистката на The Sun Дидре, изненади поради својата необична приказна.

Како што вели, неговата сопруга во повеќе наврати го изневерувала, а тој ѝ простува. Тој сака да продолжат понатаму и да го зачуваат бракот, а таа сака да се разделат.

Во продолжение проследете го во целост писмото на овој непознат маж:

Ја фатив сопругата во кревет со најдобриот пријател на нашиот син. Навистина беше понижувачки, но јас сакам да ѝ простам и да продолжиме понатаму, а таа сака да се разделиме.

Во брак сме 30 години, нашиот син има 27 години, а ние двајцата имаме по 57 години.

Јас сум тивок, срамежлив маж што работи со електроника, а таа сака постојано да се забавува – дури и сега. Сака да пие алкохол и сè уште излегува со пријателките секој петок.

Претходно ме изневери. Еднаш дојдов порано за да ја земам и ја видов како излегува од пабот прегрната со еден маж и го бакнува.

Бев мошне вознемирен, но таа рече дека таа авантура не ѝ значело ништо и дека не треба да се грижам, па продолживме како порано.

Пријателот на мојот син има 28 години и децата пораснаа заедно.

Тој се ожени пред две години, но бракот не траеше и престојуваше кај нас во собата на таванот. Неговите родители и сестра живеат во Шпанија. Заминав една недела на семинар и во хотелот се појавија заболени со ковид па моравме да си заминеме.

Си дојдов дома порано и се качив горе, па ја најдов сопругата во кревет со нашиот „потстанар“.

Тој веднаш скокна од креветот, почна да ми се извинува, а мојата сопруга остана засрамена. По ова тој си ги спакува куферите и си замина.

Мислев дека бракот ни е во ред. Имавме секс еднаш месечно, што според мене е нормално, но сопругата смета дека идеално е да имаме секс двапати неделно. Јас не го прифаќам тоа.

Се исповедав пред свештеникот и сакав да ја поправиме врската, но сопругата вели дека има премногу голема грижа на совест и сака да си замине.

'Признај дека сакаме различни работи. Сексуалниот живот ни е ужас и бев ужасна со тебе. Морам да си заминам' – ми вели.

Иако ја сакам, чувствувам дека не сум ѝ доволен.

Според Дидре проблемот не е во тоа што тие се спротивни, затоа што честопати спротивностите се привлекуваат, па така е и со брачните парови, а нејзиниот совет е:

„Таа најверојатно заборавила зошто сте почнале заедно. Здодевно ѝ е, а вие сте ги пропуштиле симптомите, но не е фер да ве изневерува.

Вие сте скромен човек што прифаќа дека таа го изневерува, а кај голем број други луѓе тоа би предизвикало поинаква реакција.

Таа е засрамена, па смета дека со тоа што ќе си замине го прави вистинското нешто.

Но, ако сè уште ја сакате, соберете храброст и побарајте од неа да одите на советување за да сфатите каде нештата тргнале на лошо.

Можете ли да се согласите на поредовен секс – барем еднаш неделно?“

Дали тоа што се чувствувате несреќни во бракот е доволна причина за да го изневерувате партнерот? Дали вие како партнер би можеле да простите неверство и да продолжите како да не било ништо?

Можеби оваа жена останала загрижена затоа што не ја добила посакуваната реакција од сопругот, па сега се обидува нештата да ги преземе во свои раце? Што мислите?

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Се откажав од старателството над син ми – го гледам само 6 дена месечно и сум подобра мајка“ „Никој не вели ништо ако таткото минува само шест дена месечно со неговото дете....
„Готвев, чистев и одев на работа, a маж ми само си уживаше – побарав развод по 23 години ’среќен‘ бр... „Кога се присетувам на динамиката во нашата врска низ годините, се запрепастувам...
Никица Ацева расте 2 мали деца во Германија: „Двапати се породив во иста болница тука, често плачат ... „Промената од 1 на 2 деца беше потешка, отколку од 0 на 1, како што и очекував. ...
„Имам 7-годишна ќерка, а девица сум. Никогаш не барав маж, сакав само дете“ „Не сум асексуална, имам желби. Но бидејќи никогаш не сум имала секс – не ми нед...
„Знам во иднина ќе плачам за овие денови кои се многу гласни - домот ми е хаос и ме боли глава од ‘м... „Денес понекогаш ми треба тишина. Но, еден ден… куќата навистина ќе биде тивка. ...
„10 причини зошто животот ми е многу поубав без деца“ – Жена предизвика онлајн дебата „Како што моите пријателки почнаа да стапуваат во брак и да добиваат деца, стану...

Најчитани неделава