5 популарни верувања за бебињата – што е вистина, а што е само мит?

Знаевте ли дека срцата на мајката и бебето навистина можат да се синхронизираат? За ова е доволно само да гледаат еден во друг.

5-popularni-veruvanja-za-bebinjata-shto-e-vistina-a-shto-e-samo-mit-01.jpg

Досега сигурно сте слушнале безброј верувања за бебиња и новороденчиња, а сигурно и самите барате забавни и поучни факти ако сте родител.

Додека дел од овие верувања сепак се вистинити, постојат и оние кои се митови, но некако успеале да се прослават како факти.

Во продолжение пет популарни верувања за бебињата и вистината зад нив:

Новороденчињата плачат без солзи во првите 2-3 недели – вистина

Иако бебињата плачат веднаш откако ќе се родат, во првите 2-3 недели од животот тие немаат солзи.

Нивните солзни жлезди се развиваат околу втората недела и тогаш почнуваат да лачат солзи. Но, и ова е период кога е можно да не забележите многу солзи.

Кај повеќето новороденчиња, количеството солзи се зголемува помеѓу првиот и третиот месец.

5-popularni-veruvanja-za-bebinjata-shto-e-vistina-a-shto-e-samo-mit-02.jpg

Бебињата сакаат живи бои – делумно вистина

Ова зависи од возраста, бидејќи бебињата не можат да ги перципираат сите бои во првите месеци откако ќе се родат.

Додека да наполнат два до четири месеци, бебињата можат да разликуваат нијанси на црвена и зелена. Што значи, дотогаш нема да им значи дали некоја играчка или нивната соба е шарена.

До петтиот месец, нивните очи се поразвиени и тие можат да ги видат повеќето бои, па може да им годи ако ги гледаат.

5-popularni-veruvanja-za-bebinjata-shto-e-vistina-a-shto-e-samo-mit-03.jpg

Главата на новороденчето расте најбрзо – вистина

Главата, со тоа и мозокот на новороденчето, се развива најбрзо во првите години од животот.

Во моментот кога ќе се роди, главата на новороденчето има 25% од големината што ќе ја достигне кога ќе порасне. За споредба, останатиот дел од телото има само 5% од големината што ќе ја достигне кога ќе биде возрасно.

Интересно е што околу две години откако ќе се роди, мозокот и главата на бебето веќе имаат 75% од големината што ќе ја достигнат кога ќе порасне.

5-popularni-veruvanja-za-bebinjata-shto-e-vistina-a-shto-e-samo-mit-04.jpg

Срцата на мајката и бебето можат да се синхронизираат – вистина

Истражување покажало дека срцето на мајката и нејзиното бебе можат да почнат да чукаат синхронизирано, и тоа само ако гледаат еден во друг.

Во истражувањето учествувале 40 мајки и нивните 3-месечни бебиња, а истражувачите го следеле нивниот пулс.

Штом бебињата и мајките почнувале да гледаат едни во други, чукањето на нивните срца се синхронизирало речиси инстантно.

5-popularni-veruvanja-za-bebinjata-shto-e-vistina-a-shto-e-samo-mit-05.jpg

Растењето на забите може да предизвика треска – мит

Растењето на забите може да ја зголеми температурата на бебето, но оваа промена е минимална. Односно, температурата не се зголемува толку многу за да се нарече треска.

Ако бебето има температура поголема од 38 степени, тогаш има треска, но не поради растењето на забите, туку поради настинка или нешто друго.

Обично високата температура ќе биде проследена и со други симптоми, како течење на носот, кивање, дијареја, повраќање…

Нормално, секогаш кога сте загрижени за здравјето на вашето бебе, консултирајте се со лекар.

5-popularni-veruvanja-za-bebinjata-shto-e-vistina-a-shto-e-samo-mit-06.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

40 најиритантни коментари за новите родители (кои веројатно ви ги кажувале и вам) „Пред да се свестиш, веќе ќе тргне во средно училиште“, „Не заборавај да му прав...
„Ти си доволна“ – 30 работи што мајката треба да ѝ ги каже на својата ќерка „Никогаш не оди сама по улица ноќе“, „Твое тело – твои правила“, „Вљуби се силно...
5 пози што ќе им го олеснат доењето на новите мајки Ако вашето малечко безуспешно се обидува да се „намести“ правилно, не очајувајте...
Предмети во детската соба кои можат да бидат опасни за бебиња и многу мали деца Перница во бебешкото креветче и играчки со магнети – некои предмети можат да пре...
7 работи што ги правам со моето дете, иако сите ме советуваа спротивно Ја земам во раце и ја прегрнувам кога плаче, иако велат дека не треба, бидејќи ќ...
Како да го намалите времето поминато пред екран кај вашите деца? Лето-зима, приказната е иста, си доаѓате дома, а вашето дете уште не влезено дом...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg