Мајка со тврдење: „Првиот збор на бебињата најчесто е ‘тато’, која е причината за тоа?“

Родителите со нетрпение го очекуваат првиот збор на нивното дете и иако често се очекува тоа да биде зборот „мама“, сепак многу деца првиот збор што го изговориле бил „тато“. Зошто е тоа така? Дали првиот збор на детето говори за тоа кој е неговиот омилен родител? Вечната дилема за која родителите се шегуваат. 

majka-so-tvrdenje-prviot-zbor-na-bebinjata-pochesto-e-tato-otkolku-mamo-koja-e-prichinata-za-toa-01.jpg

Шиварти Чинал Џоунс Чанд е мајка која на својот ТикТок профил редовно објавува видеа во кои споделува детали од животот на нејзиното малечко, но и совети за родителство.

Таа неодамна објави видео во кое тврди дека многу често првиот збор на бебињата е „тато“ и дека има посебна причина за тоа.

„Прочитав дека бебињата честопати прво изговараат ‘тато’ пред да кажат ‘мамо’ затоа што сметаат дека мајките се дел од нив, а татковците се првата надворешна личност што ја гледаат“ – напиша таа.

@joneschandfamily Why am I so emotional reading this ?? #fypシ #fypシ゚viral #foryoupage #fyp #4u #foryou #momtok #momsoftiktok #mumsoftiktok #youngmomsoftiktok #youngmum #momlife #firsttimemom #aussiemum #parentsoftiktok #xyzbca #tiktok #viral #trending #oscarsathome #mindordering #dadsoftiktok #dadtok #baby #babylove #babyfever #babymama #boymom #babiesoftiktok #babytok #vlog #family #love #son #happy #sahm #7months #firstword #momsunder30 #blowthisup #MINDORDERING ♬ In Luv With U - Finn

Ова тврдење е потврдено и од експертот за родителство Емили Салтер, која во изјава за британски The Sun која вели:

„Првата причина за тоа е затоа што бебињата ги препознаваат татковците како целосно различна личност, додека, барем во првите неколку месеци, чувствуваат дека сѐ уште се поврзани со мајката.

Со оглед на тоа што мајките ги носат бебињата во стомакот и се грижат за нив додека се многу мали, сѐ додека не станат понезависни, бебињата ја гледаат мајката како дел од нив“.

majka-so-tvrdenje-prviot-zbor-na-bebinjata-pochesto-e-tato-otkolku-mamo-koja-e-prichinata-za-toa-02.jpg

Сепак, не мора да значи дека првиот збор што бебето ќе го каже мора да се однесува на неговите родители, честопати, бебето можби ќе го изговори името на некој предмет за кое е особено заинтересирано или што често го слуша во своето опкружување.

Сепак, без разлика на тоа дали бебето ќе каже „тато“ или „мамо“ тоа не значи дека повеќе сака еден од двајцата родители, туку полесно му е да изговори еден од двата збора.

Кога ќе ги слушнете првите зборови тоа е сигурен знак дека треба да почнете повеќе да комуницирате со вашето малечко и да го охрабрувате уште повеќе да се обидува да говори.

Б. С. Б. | Црнобело

фото: depositphotos.com

Би можело да ве интересира:

40 најиритантни коментари за новите родители (кои веројатно ви ги кажувале и вам) „Пред да се свестиш, веќе ќе тргне во средно училиште“, „Не заборавај да му прав...
„Таа е херој затоа што ми е мајка“ - 20 причини зошто мајките се незаменливи Зaтоа што ги чува сите мои тајни и можам да ѝ се доверам за сѐ. Затоа што знам д...
Тешко е да живеете во брак кај што сте повеќе мајка отколку сопруга На жената ѝ треба алфа мажјак. Не ѝ треба маж кого ќе го влече наоколу како дете...
Низ илустрации: Како се менува животот на жените откако ќе станат мајки? Наместо фотки од миленикот, пријателите и патувањата, во галеријата на телефонот...
Момче од Кореја (4) го расплака целиот свет, откако кажа зошто мисли дека родителите го мразат „Мајка ми ме мрази, не сака да си игра со мене“ – дете од Јужна Кореа ги освои с...
Мајка стана вирален хит со воспитувањето на синовите – ги учи да чистат и да ги делат обврските со и... „Кога добив синови, сакав да бидам сигурна дека ќе имаат почит кон девојчињата“ ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg