„Дај му ја играчката на Лука, ќе си поигра и ќе ти ја врати“, „Нека го повози малку твоето точаче, не се секирај ќе ти го врати“, „Добро мама, дај нека ја види куклата и ќе ти ја врати“ – не знам колку пати сум се нашла во ситуација уште од раѓање на моите деца да ги подучувам како треба да ги делат и даваат играчките.
Кои 10 машки и кои 10 женски имиња се најпопуларни во Македонија? Погледнете кои имиња биле најчест избор на родителите во 2022-ра година...
„Му пишав порака на сопругот дека бебето спие, а тој од излегување дојде и викаше на цел глас да станам“ – раскажува една мајка од Англија на форум. Во коментарите жените тврдат дека тој се обидува да ја манипулира и контролира, па потребно е веднаш да му се спротивстави. Што мислите вие?
Колку вода треба да пиеме додека доиме? Дали сме испиле премногу или премалку течности? Што се случува со нашето тело ако не внесуваме доволно течности додека доиме? Ова се прашањата на кои бараме одговор.
„Јас својата борба ја започнав кога имав 24 години. Повеќе од 14 години со помош на вонтелесно оплодување се обидувавме да добиеме дете“ – раскажува 39-годишната Сандра Јовановиќ од Србија, која успеала да стане мајка на ќерката Љубица, тогаш кога сите околу неа се откажале.
„Најлошо е што ти ќе треба сѐ сама да исчистиш на крај“ – велат во коментари жените кои го виделе видеото на оваа жена која покажа како му се одмаздила на сопругот затоа што ѝ рекол дека не работи ништо во домот.
Лесно се вметнува, обезбедува заштита од бременост, но не ве штити од полово преносливи болести. Што треба да знаете пред да се одлучите да користите спирала како средство за контрацепција?
Никако немојте да се расправате пред детето и никогаш немојте да го критикувате другиот родител пред него - кои други работи не треба да ги правите откако ќе се разведете?
Најпрво пробајте да го смирите, па понудете му алтернатива, а на крај дозволете му и само да размисли за проблемот...
„Работам со полно работно време и јас правам сè. Јас готвам, јас го чистам тоалетот, правам ручеци, правам појадоци, ја косам тревата. Буквално правам...
Ако се соочувате со лошо однесување од децата можеби треба да промените нешто кај себеси за да го подобрите односот. Можеби треба да сфатите што е тоа што ве тера постојано да го ставате детето под казна, иако знаете дека тие немаат ефект и може да бидат контрапродуктивни.
Заборавете на фразите од типот „никогаш нема да носам градник без push-up“ – ќе носите. Очекувајте дека ќе им здосадите на пријателките со разговори само за детето, независно колку забавна личност сте. Се лажете ако мислите дека вас домот секогаш ќе ви биде среден и организиран... Во кои замки ќе паднете штом ќе се соочите со бременост и породилно?
Има прекрасен момент во човечкиот живот кога ќе завладее независноста и се иселуваме од домот во кој пораснавме… но, барем на почетокот, посакуваме повторно да бидеме дома, со семејството, да ја јадеме вкусната храна на мама и да раскажеме како ни помина денот.
„Се чувствувам ужасно што ќе го кажам ова, но син ми многу често ме иритира. Се исклучувам и почнувам да му викам бидејќи ми оди на нерви“, вели...
Одличниот ученик почнува да покажува послаби резултати во училиштето, до вчера главна преокупација му бил фудбалот, а сега не помислува на ништо друго освен на видео игрите. Не сака да се бања, не сака да јаде, кога не е пред компјутер не знае што да прави со себе... Зависноста од компјутер е многу слична со другите зависности, а најчесто ги погодува најмладите.
„Никогаш не оди сама по улица ноќе“, „Твое тело – твои правила“, „Вљуби се силно и засекогаш во себеси“ – кои совети треба да ѝ ги каже мајката на својата ќерка за од неа да изгради цврста и независна личност?
Детето ви ја пуштило раката и побегнало, а наместо да дојде кај вас додека избезумено го барате и го извикувате неговото име, тоа се скрило во некој агол и ве набљудува. Што треба да направите во ваков случај?
„Јас не сум во брак, но една работа која никогаш нема да ја направам е да останам во брак поради децата. Моите родители се мразеа, но остануваат заедно наводно за наше добро. Се сеќавам јас и сестра ми како ги молевме да се разведат...“