Како да му помогнете на вашето дете да се справи со одбивањето од врсниците?

Најпрво пробајте да го смирите, па понудете му алтернатива, а на крај дозволете му и само да размисли за проблемот.

kako-da-mu-pomognete-na-vasheto-dete-da-se-spravi-so-odbivanjeto-od-vrsnicite-01.jpg

Како возрасни, свесни сме дека е невозможно да се избегне одбивање. Навикнати сме на тоа како дел од животот и знаеме дека истото демне зад секој агол.

Но, како да им се објасни ова на децата кои доживуваат одбивање? Во тој момент, нивните надежи тонат, обесхрабрени се и тажни, бидејќи веруваат дека немаат доволно знаење или талент.

Како можете да му помогнете на детето полесно да го прифати одбивањето?

Обидете се да го смирите

Првиот чекор е да се создаде атмосфера во која детето ќе може да изрази негативни емоции. Но, ако детето е премногу вознемирено, прво помогнете му да се фокусира на дишењето.

Нека ја стави ја едната рака на стомакот, а другата на градите и да се фокусира на подигнувањето на овие делови од телото додека дише. Важно е да дише длабоко од стомакот, додека не се смири.

Потоа пробајте да го утешите и кажете му дека некогаш одбивањето им се случува и на другите деца.

Нека ви раскаже што се случило

Обидете се да разговарате со вашето дете. Кажете му неуспехот да не го доживува лично.

Секогаш можете да се јавите во училиштето и да откриете што точно се случило. Сепак, подобро е детето да се отвори самото, а вие можете да го упатите со прашања и насоки.

Разговорот ќе го одвлече вниманието на детето од непријатните чувства кон самиот настан. Добро прашање би било: „Што се случи? А, што се случи после тоа?“

Kako mozete da im pomognete na decata polesno da go prifatat odbivanjeto 01

Понудете му алтернатива

Понекогаш неуспехот служи како алатка за пробување други активности, кои можат да донесат поголемо задоволство.

Кога сме вознемирени, често не можеме да ја видиме позитивната страна на искуството, па дури ни да видиме други опции.

Кажете му на детето дека ако некоја личност не го прифаќа, секогаш може да си најде друг пријател.

Оставете простор само да научи да се справува со неуспехот

На децата треба да им се покаже дека ги сметаме за зрели, за самите да се соочат со предизвиците.

Можеби вашата ќерка или син има подобро решение во дадената ситуација од онаа што му ја нудите.

Па, прашајте го/ја што смета дека треба да направи и разговарајте за тоа.

Kako mozete da im pomognete na decata polesno da go prifatat odbivanjeto 03

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Мојот живот пред децата vs. по децата и зошто не би го менувала за ништо на светот?“ Пред децата, мојата романтична љубов кон партнерот мислев дека е најдлабоката љу...
5 пози што ќе им го олеснат доењето на новите мајки Ако вашето малечко безуспешно се обидува да се „намести“ правилно, не очајувајте...
Фрази што не треба да му ги кажувате на детето (за да биде среќно кога ќе порасне) Немојте да го нарекувате детето „дебелко“ или „слабичко“ или да користите слични...
Бон-тон правила што секој родител треба да му ги каже на своето дете Научете ги децата дека не е во ред да прекинуваат некој додека разговара. Од поч...
Синот ми се загуби во зоолошка во Скопје - совети како најлесно да го најдете детето во толпа Детето ви ја пуштило раката и побегнало, а наместо да дојде кај вас додека избез...
Како да му помогнете на детето да се навикне да спие само во детската соба? Кога ќе стигнат до одредена возраст, препорачливо е децата да почнат да спијат с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg