Креативна и економична свадбена идеја - Оставете порака за новиот брачен пар

Денес има толку многу начини како да се разубави една свадбена веселба. Почнувајќи од декорациите, осветлувањето, до бендот и араnжирањето на храната и десертот, сите овие делчиња се неопходни за сложување на мозаикот наречен совршена свадба.

Ostavete-poraka-za-noviot-bracen-par-01.jpg

Ова е едноставна, но многу интересна и креативна идеја за која нема да жртвувате голем дел од буџетот. Сé што ви е потребно се педесетина празни картички, пенкала за пишување и простор каде истите ќе се складираат (убава украсна кутија, шише, стаклен сад).

Идејата е секој од гостите којшто има желба, да остави порака за младоженците. Подоцна истите може да ги зачувате покрај сликите во свадбениот албум или да си ги врамите во убава рамка.

Во секој случај, интересно, економично и емотивно, а желбите и пораките од гостите ќе ви останат засекогаш на хартија.

Послужете се со некоја од идеите подолу:

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Двете свадбени прослави на Иво и Настасја од Скопје - сицилијанска бајка во Сули Ан, па во ресторан ... „Сули Ан го претворивме во сицилијанска бајка: маси со златни детали, свежи цвеќ...
Дона и Филип од Скопје направија бајковита свадбена фотосесија во Рим: „Пред фонтана Ди Треви бевме ... „Фризурата ја правев во маалска фризерница близу хотелот, а се шминкав сама колк...
Бајковитата свадбена фотосесија на Александар од „Либеро бенд“ и Марија во Италија: „Локалците го за... „Снимено е буквално сè - од изгрејсонце на Дуомо, кога Милано уште спиеше, до ул...

Најчитани неделава