Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Деверици и старосватици споделуваат: Најужасните работи на кои невестата ги натерала

Традиционално, старосватицата е таа која ја организира девојачката забава и е постојано тука за невестата што и да ѝ затреба, а некои невести бираат и деверици кои ќе ги придружуваат.

deverici-i-starosvatici-spodeluvaat-najuzhasnite-raboti-na-koi-nevestata-gi-naterala-01.jpg

Сепак, според модерните невести, за да бидеш старосватица или деверица, очигледно треба да исполниш цела листа со очекувања и должности.

Токму таквите жртви споделуваат на Reddit кои биле нивните искуства со невестата и на што сè таа ги терала за нејзиниот голем ден.

Следниве исповеди ќе ве насмеат, но никако не смее да ве исплашат – се надеваме дека вашата пријателка нема да биде таква.

„Бев деверица на свадбата на сестра ми. Ми дозволи да си одберам сама фустан... но имаше премногу правила. Мораше да биде миди фустан и да биде затворен до врат. Не треба да се шири од половината, но да не биде и претесен. Можеше и таа да одбере за мене. По 3 месеци барање, купив фустан што никогаш повеќе не би го носела, но барем на неа ѝ се допадна...“

„Еднаш бев на свадба каде невестата сакаше сите нејзини другарки да имаме иста шминка. И не мислам само на нијансите, што е до некаде можеби прифатливо. Не, сите моравме да имаме иста пудра, иста палета на сенки, руменило, маскара...“

„Невестата имаше дури и барање за висина. Јас сум висока 177 cm, а таа ми кажа дека не смеам да бидам повисока од неа или од младоженецот. Проблемот е што, дури и боса, јас сум повисока од двајцата, па кога го истакнав тоа, го сменија правилото дека не треба да сум повисока од кумот. Среќа што тој беше прилично повисок.“

„За свадбата, морав да имам француски маникир, вештачки трепки, коса со осветлени прамени и цртани веѓи. Не смеев да си ја скратам косата зошто ќе ми се уништеше стилот што таа си го замислуваше. Исто така, ако се осудев да затруднам, тоа ќе уништело сè и никогаш немало да ми прости.“

„Невестата побара сите другарки да си ја офарбаат косата за таа да биде единствената русокоса. Имам природно руса куса и немам намера да ја обојам.“

„Ѝ помогнав за сите рачни изработки за свадбата, направив 120 свеќи со траки и машни, ги направив сите букети и цветни аранжмани, ги украсив аутфитите на девериците и сликав на приемот. По свадбата ја видов 3 пати. Сега, таа има бебе и ја немам видено цела година...“

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Најубавите свадби во 2024 година објавени на CRNOBELO Од интимната венчавка на водителката Ведрана Ѓорѓевиќ, преку раскошната свадба в...
„Јас сакам свадба со 10 гости, а свекрвата веселба со прием во ресторан – Како животот со партнерот ... „Свекрвата настојува да направиме голема свадба и веќе ѝ рековме дека не сакаме....
Пар доживеал сообраќајна незгода на свадбениот ден - непријатниот чин го претвориле во кул фотосесиј... Кога работите не одат според планираното, но вие знаете како да се справите со н...
Идеи за живописни бидермаери ако вашата свадба е во есен Рози во комбинација со суви цветови, трева во повеќе нијанси, далии, хризантеми ...
Комбинации на бои кои ќе ја направат совршена вашата есенска свадба Есента со себе носи многу промени и нови почетоци, а ако сте од оние парови кои ...
Кул идеи како да подарите пари за свадба, а да не бидат во класично плико (фото) Кога сакате да подарите пари на младенците за свадба, но премногу ви е клише тоа...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg