Фотограф кој ќе го посакате за вашата свадба - „лови“ фотки од најискрените, природни моменти

Ниту една свадба не може да помине без фотограф. Но најчесто овие фотографии се „сценирани“ - сите позираат и изгледаат совршено. 

fotograf-koj-kje-go-posakate-za-vashata-svadba-lovi-fotki-od-najiskrenite-prirodni-momenti-01.jpg

Свадбените фотографии на Иан Велдон се нешто сосема поразлично. Имено, и тој самиот вели дека не е свадбен фотограф, туку личност која фотографира церемонии без никакви невистини.

На неговите фотографии нема да видите младоженци кои позираат, лажни насмевки од роднините или гости кои изгледаат совршено. 

На фотографиите на Иан ќе видите луѓе кои не знаат да танцуваат, деца со смешни гримаси, хаосот за време на подготовките и младоженци кои се обидуваат да каснат нешто.

Ова се фотографии кои покажуваат како навистина изгледа една венчавка. Понекогаш подготовките се позабавни и од самата церемонија, а Иан успешно ги доловува овие моменти.

А кога ќе го погледнете резултатот, и самите ќе посакате да го поканите да фотографира некоја ваша прослава:

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Девет работи што никако не треба да ги правите на свадба, според бонтон експерт Немојте да доцните, никако немојте да носите бела облека и немојте да пиете мног...
Емотивна објава на хрватски фотограф за невеста ќе ве расплаче: „Бидермаерот наместо кај пријателкит... „Секој чекор на Марина кон олтарот беше чудесен – тежок, а сепак лесен, како нек...

Најчитани неделава