„Рече дека штедел за да ми го купи ужасниов мал прстен – дали сум материјалист ако кажам дека не го сакам?“

„Рече дека штедел за да ми го купи ужасниов мал прстен – дали сум материјалист ако кажам дека не го сакам?“

reche-deka-shtedel-za-da-mi-go-kupi-uzhasniov-mal-prsten-dali-sum-materijalist-ako-kazham-deka-ne-go-sakam-01.jpg

„Ова е најтажниот прстен/Нема оправдување за лошиот избор/подобро да не купел ништо“ – се само дел од коментарите на поддржувачите на оваа идна невеста што јавно го посрамоти момчето за малиот веренички прстен.

Девојките ширум светот често знаат да се жалат во групи на социјалните мрежи за изборот на прстен со кој нивните момчиња ги запросуваат.

И додека најчесто овие девојки се критикувани за пребирливоста, оваа идна невеста доби поддржувачки коментари за својата жалба.

„Заедно сме 8 години и зборуваме за брак веќе 3 години, а ова е прстенот за кој тој рече дека штедел да ми го купи. Дали сум материјалист ако му кажам дека не го сакам овој мал ужасен прстен?“ – стои во нејзината објава со фотографија од прстенот.

reche-deka-shtedel-za-da-mi-go-kupi-uzhasniov-mal-prsten-dali-sum-materijalist-ako-kazham-deka-ne-go-sakam-02.jpg

Станува збор за тенок златен прстен со минијатурно дијамантче во средината, кое не го одобриле дури ниту оние кои најчесто ги критикуваат овие невести.

Дел од коментарите кои ја поддржуваат девојката:

„Ова е најтажниот прстен кој сум го видела, а не сум материјалист.“

„Мојот прстен беше 75 долари и е најубавиот што можев да го посакам. Нема изговор за овој на фотографијата.“

„Повеќе би се навредила да го добијам овој прстен отколку никаков. Подобро не купувај ако не можеш да си дозволиш.“

Како би постапиле вие? Би го вратиле ли прстенот или би молчеле до крајот на животот?

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Луксузна ромска свадба одржана во Виена: Сватовите ја купија невестата за огромна сума пари Невестата била купена за неколку десетици илјади евра, а гостите не се штеделе н...
Немало луксуз и веселби со 500 гости - Како изгледале свадбите во Југославија? Свадбите во Југославија биле скромни, во кругот на семејството, без гламурозна о...
Необични свадбени и брачни обичаи од Србија: Сопругот се преправа дека е „бремен“, свекрвата танцува... Маж глуми трудница, свекрвата танцува на поткровјето... Ова се само дел од обича...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg