Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
АРХИТЕКТ 30-01-2023


Невеста од Израел што тверка на својата свадба стана вирален хит (видео)

„Не сакав религиозна свадба, туку голема хип-хоп забава и сонот ми се оствари“, вели Никол која е танчарка по професија и со тверкањето на својата свадба ги изненади и гостите и младоженецот, а го воодушеви светот.

nevesta-shto-tverka-na-svojata-svadba-stana-viralen-hit-foto-01.jpg

Никол Волички е танчарка од Израел која на својата свадба подготви изненадна танчарска точка, но и точка со тверкање, и ги воодушеви гостите, а брзо со свадбените видеа на ТикТок стана вирален хит.

Танцува на ритамот на ремикси од песни на Бијонсе и Шон Пол и вели дека кога танцот, поточно тверкањето, е дел од нејзиниот живот, си помислила зошто да не биде дел и од нејзината свадба.

nevesta-shto-tverka-na-svojata-svadba-stana-viralen-hit-foto-03.jpg

Нејзините видеа имаат милиони прегледи, а таа вели дека младоженецот и гостите воопшто не знаеле за танчарските точки и дека изведбата била изненадување и „подарок“ за сите.

nevesta-shto-tverka-na-svojata-svadba-stana-viralen-hit-foto-02.jpg

„Навистина сакам да танцувам и адреналинот кој ми го дава тоа навистина ме расположува. Енергијата на свадбата беше прекрасна и сите танцуваа. Не сакав религиозна свадба, туку голема хип-хоп забава и сонот ми се оствари“, вели Никол.

Погледнете го нејзиниот енергичен танц:

@twerktimewithnicolle Best wedding everrrrrrr @evebraunstein @Hadar Dizahav @Liel Shaul @Moty_pilas @Liron Levi @Tali_Kon #dance #wedding #foryou #foryoupage ♬ original sound - Nicolle Wolicki

@twerktimewithnicolle Part 2 - Can you tell I was a little bit drunk🥴 😅 #wedding #party #dance #foryou #foryoupage #for #bride @moty_pilas @evebraunstein @hadardizahav @lielshaul1 @Tali_Kon @DANCE FACTORY @Liron Levi ♬ צליל מקורי - Nicolle Wolicki

@twerktimewithnicolle הגב ל- @yael13579246 Dancing with my girls#fyp #foryou #4u #challenge #dance #challengedance ♬ צליל מקורי - Nicolle Wolicki

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

5 работи за кои вреди да дадете повеќе пари на вашата свадба и 5 работи што никој нема да ги забележ... Додека сите гости дефинитивно ќе обрнат внимание на храната и пијалаците, речиси...
Идеи за едноставни, но уникатни свадбени торти со цветни декорации – ремек-дела за кои долго ќе се з... Нежна невестинска боја со бели цветови, основа со силна боја или бела основа со ...
11 фото докази дека свадбата може да ви биде бајковита и без да потрошите цело богатство „Сама си направив торта и колачи за свадба. Беше многу стресно, но вредеше секој...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg