10 навики за нега и убавина на Бразилките поради кои имаат прекрасна кожа и изгледаат помладо

Користат маски за коса од кокосово масло

Маската за коса од кокосово масло ѝ дава сјај на косата, а ги намалува и кршливоста и оштетените врвови кои ги предизвикуваат сонцето, солената вода и влагата на воздухот.

10-naviki-za-nega-i-ubavina-na-brazilkite-poradi-koi-imaat-prekrasna-kozha-i-izgledaat-pomlado-03.jpg

Пилинг во песок

Бразилките не забораваат да прават ни пилинг на телото.

Но, повеќето наместо креми и маски за пилинг, користат песок додека се на плажа.

Песокот е природен ексфолијант, па додека им е кожата влажна, нежно ја поминувaат со песокот од плажа и се масираат.

На овој начин ја отстрануваат мртвата кожа од телото.

10-naviki-za-nega-i-ubavina-na-brazilkite-poradi-koi-imaat-prekrasna-kozha-i-izgledaat-pomlado-09.jpg

Користат алое вера за косата

Во Бразил скоро сите одгледуваат алое вера, а потоа го користат природниот гел од растението за нега на телото и косата.

Некои жени го мешаат со регенератор и го користат како маска, некои го нанесуваат директно на кожата на телото за да го намалат црвенилото, а некои стават од гелот директно на скалпот за да го намалат првутот.

10-naviki-za-nega-i-ubavina-na-brazilkite-poradi-koi-imaat-prekrasna-kozha-i-izgledaat-pomlado-08_2_copy.jpg

Секогаш ставаат крема околу очите

Бидејќи кожата околу очите е нежна, Бразилките секојдневно користат крема за намалување на брчките.

Пред спиење ставаат тркалца од краставица за да ја хидрираат кожата.

10-naviki-za-nega-i-ubavina-na-brazilkite-poradi-koi-imaat-prekrasna-kozha-i-izgledaat-pomlado-13.jpg

Не излегуваат од дома без млеко за сончање

На кожата ѝ е потребна заштита од сонце, па поради топлото време, Бразилките секој ден стават млеко за сончање.

Дури и кога врне или кога времето е облачно.

10-naviki-za-nega-i-ubavina-na-brazilkite-poradi-koi-imaat-prekrasna-kozha-i-izgledaat-pomlado-07.jpg

А. Ј. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Ананас и уште 5 вида тропско овошје за да направите домашни, летни маски за лице и коса Кора од банана, лимон, ананас... секое од овие тропски овошја можете да го искор...
Наш фризер и шминкер со совети за лето: „Пудрата заменете ја со тинт за лице, никогаш не ја врзувајт... „Не ја мијте секој ден со агресивни шампони. Само доколку сте на плажа, тогаш ми...
6 чести грешки во нега на лице што ги правиме во зима (а ја остаруваат кожата) Заборавате да ставите крем со фактор и го миете лицето многу често, па кожата ви...
Вирален јапонски метод за миење коса – ја прави густа и сјајна Виралниот метод за густа коса како на Јапонките вклучува нежна масажа со масло, ...
Грешки во негата на кожа поради кои имате брчки и дамки (уште во 30-тите) Користите многу агресивни продукти за нега и ја заборавате кожата на вратот и де...
Седум фризури што се прават за две минути, а се идеални за лето Пунџа со средна висина, ниско опавче со марама или коса собрана со голема шнола....

Најчитани неделава