8 бон-тон правила за во лето со кои ќе изгледате како дама

Не шетајте по бикини низ градот во којшто се на одмор и избегнувајте силни парфеми – неколку модни бон-тон правила што би требало да ги следите во лето.

8-modni-bon-ton-pravila-za-vo-leto-so-koi-kje-izgledate-kako-dama-01.jpg

Во лето сите сакаме да носиме што е можно помалку облека, па кратките здолништа и минијатурните маички често се дел од секојдневните комбинации.

Сепак, постојат некои бон-тон правила кои би требало да ги следиме кога станува збор за мода и изглед.

Осум модни бон-тон правила за во лето:

Не носете мини здолништа на пикник

Мини здолништата на пикник изгледаат добро само на фотографии.

Во реалноста, ќе треба постојано да внимавате здолништето да ви остане спуштено и сигурно нема да можете удобно да седите на земја.

8-modni-bon-ton-pravila-za-vo-leto-so-koi-kje-izgledate-kako-dama-02.jpg

Избегнувајте тесни фустани за прошетка

Ако излегувате и знаете дека ќе пешачите, најдобро не облекувајте тесен фустан.

Слично како краткото здолниште, тесниот фустан ќе ви се крева на секој чекор и постојано ќе треба да внимавате на тоа.

8-modni-bon-ton-pravila-za-vo-leto-so-koi-kje-izgledate-kako-dama-03.jpg

Не го прескокнувајте педикирот

Барем во летната сезона, потрудете се стапалата секогаш да ви бидат средени.

Не мора да одите во салони ако не сакате, туку само лакирајте ги ноктите и ако имате сува кожа, истругајте ја со камен и нанесувајте хидратантен крем.

8-modni-bon-ton-pravila-za-vo-leto-so-koi-kje-izgledate-kako-dama-04.jpg

Не претерувајте со хајлајтер со светки

Во лето лицето се поти многу повеќе. Ако на ова додадете и светки, нема да изгледаат многу привлечно.

Ако сепак сакате хајлајтер со светки, подобро ставете го навечер.

8-modni-bon-ton-pravila-za-vo-leto-so-koi-kje-izgledate-kako-dama-05.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Русата е „аут“ - Кои бои на коса ќе бидат во тренд во лето 2026? Професионалните фризери најавуваат „пресврт“ за ова лето - после долго време, ру...
Металик сјај, боја на костен и на ноќно небо - Каков маникир ќе биде во тренд во септември 2025? Освен што се препорачува ноктите да бидат со металик сјај, овој септември треба ...
Наш фризер и шминкер со совети за лето: „Пудрата заменете ја со тинт за лице, никогаш не ја врзувајт... „Не ја мијте секој ден со агресивни шампони. Само доколку сте на плажа, тогаш ми...
Дречливи бои, лак со текстура - Топ 7 идеи за педикир за пролет-лето 2026 Наскоро ќе почне сезоната на сандали и одење на плажа, кога вашите прсти на нозе...
5 идеи за совршен маникир за на работа, по летните одмори Без оглед на бојата што ќе ја изберете за своите нокти, клучниот детаљ е во совр...
Седум фризури што се прават за две минути, а се идеални за лето Пунџа со средна висина, ниско опавче со марама или коса собрана со голема шнола....

Најчитани неделава