Ретинол - магична состојка која отстранува брчки: Како се користи и кој треба да ja избегнува?

Кога треба да започнете со користење на крема со ретинол?

Сите дерматолози се согласуваат со едно - не постои точно време кога треба да започнете со користење на креми за лице со ретинол. 

Тогаш кога ќе ги забележите првите брчки на вашето лице треба да почнете да размислувате за ретиноидите.

Метаболизмот на клетките на кожата значително се забавува во доцните 20-ти години, т.е. во раните 30-ти. Можеби ова е одлично време да се започне со употреба на креми со ретинол, како поблага форма на ретиноид, а посилните ретиноиди, како што е ретиноичната киселина, треба да се воведат подоцна.

Кога ќе започнете со користење на крема за лице со ретинол, најдобро е да го почнете со мали количини и навечер, поради фотосензитивност.

retinol-magicna-sostojka-koja-otstranuva-brci-kako-se-koristi-i-koj-treba-da-go-izbegnuva-10.jpg

Несакани ефекти од ретинолот

Минимална количина од кремата со ретинол (колку зрно грашок) нанесете на лицето и вратот пред спиење.

Доколку следниот ден забележите реакција од типот на црвенило или иритација, користете крема со ретинол секоја втора или трета вечер или користете поблага крема со помала концентрација на ретинол. 

Доколку нема реакции, можете да продолжите со секојдневна употреба, со тоа што можете да ја зголемувате количината што ја нанесувате.

Задолжително, после околу 20 минути од нанесувањето на крема со ретинол, нанесете хидратантна ноќна крема на лицето, а наутро, по миењето на лицето, ставете дневна хидратантна крема со висок заштитен фактор од сонце.

Ретинолот е многу чувствителен на светлина и воздух, па тому затоа неговата моќ се губи по отворањето на амбалажата.

Затоа, потрудете се добро да го затворите и да го чувате на темно место.

retinol-magicna-sostojka-koja-otstranuva-brci-kako-se-koristi-i-koj-treba-da-go-izbegnuva-05.jpg

Ретинол серум за лице - ефикасно средство против мрсна кожа

Серумите со ретинол се можеби дури и подобри од кремите и навистина мора да ги пробате. 

Како и кремите за лице со ретинол, серумот е препорачливо да се корити навечер.

Ретинол серумот содржи поголем процент на вода, за разлика од кремите со ретинол, па затоа има лесна текстура, брзо се апсорбира и не остава мрсна и леплива трага на кожата.

Бидејќи делува на кожата како нежен пилинг, отстранувајќи го мртвиот слој на површинските клетки, создава одлична основа за нанесување креми со многу хранливи материи и ја зголемува нивната апсорпција во подлабоките слоеви на кожата.

Ретинол серумот е одлично превентивно средство против брчки, бидејќи ги отстранува ситните линии и брчки на вратот и лицето. Одличен е и како превентивно средство против акни, бидејќи ги чисти порите и не дозволува да се затнат.

Серумот со ретинол ја суши кожата, го нормализира лачењето на себум, па затоа се препорачува за луѓе со мрсна кожа.

Тој е и одличен антиоксиданс кој ги уништува слободните радикали на кожата, кои се развиваат поради штетното влијание на сонцето, чадот и загадувањето на воздухот.

retinol-magicna-sostojka-koja-otstranuva-brci-kako-se-koristi-i-koj-treba-da-go-izbegnuva-13.jpg

Кој не смее да користи креми со ретинол?

Ако веќе имате егзема или розацеа, не треба да користите креми со ретинол, бидејќи може да предизвикате влошување на веќе постоечката состојба.

Комбинација од ретинол и гликолна киселина или бензоил пероксид не се препорачува, бидејќи сите тие ја сушат кожата, така што може да дојде до прекумерна и ненадејна иритација на кожата.

Кремите за лице со ретинол исто така не се препорачуваат за трудници и доилки поради можноста од штетно влијание врз бебето.

retinol-magicna-sostojka-koja-otstranuva-brci-kako-se-koristi-i-koj-treba-da-go-izbegnuva-06.jpg

С. Ш. | Црнобело / фото: freepik.com



Би можело да ве интересира:

6 чести грешки во нега на лице што ги правиме во зима (а ја остаруваат кожата) Заборавате да ставите крем со фактор и го миете лицето многу често, па кожата ви...
Ананас и уште 5 вида тропско овошје за да направите домашни, летни маски за лице и коса Кора од банана, лимон, ананас... секое од овие тропски овошја можете да го искор...
Грешки во негата на кожа поради кои имате брчки и дамки (уште во 30-тите) Користите многу агресивни продукти за нега и ја заборавате кожата на вратот и де...
Пет грешки со кои сами си создавате брчки околу очите Ја тегнете кожата кога нанесувате шминка или крем и спиете на стомак, на памучна...
Наш фризер и шминкер со совети за лето: „Пудрата заменете ја со тинт за лице, никогаш не ја врзувајт... „Не ја мијте секој ден со агресивни шампони. Само доколку сте на плажа, тогаш ми...
Чести грешки во негата на кожа во лето со кои правите сериозна штета Мислите дека пудрата со фактор е доволна заштита или, пак, ставате крем со факто...

Најчитани неделава