Грешки во рутината за убавина што ги правиме во лето (а можат да бидат штетни)

Дали ставате балсам за усни со фактор? А, дали имате навика да ги бричите нозете веднаш пред да излезете на сонце?

greshki-vo-rutinata-za-ubavina-shto-gi-pravime-vo-leto-a-mozhat-da-bidat-shtetni-01_1.jpg

Кожата бара различна нега во зависност од сезоната – во зима е посклона на сушење, па треба да се фокусираме на хидратација, додека во лето клучна е заштитата од сонце, но и користењето продукти кои ја обвинуваат.

Сепак, дури и оние кои навистина се грижат за кожата, настојуваат да прават некои ситни грешки.

Неколку штетни грешки во летната рутина за убавина за кои треба да бидете свесни:

Нанесувате крем со фактор само еднаш

Дури и ако користите крем со највисок фактор, важно е да го нанесувате неколкупати во текот на денот.

По неколку часа, заштитата од кремот се намалува, па ако сте на сонце, важно е да ја обновите.

Доколку, пак, сте на плажа, нанесувајте по секое излегување од вода, дури и ако на кремот пишува дека е водоотпорен.

greshki-vo-rutinata-za-ubavina-shto-gi-pravime-vo-leto-a-mozhat-da-bidat-shtetni-02.jpg

Ставате спреј за лице на нечиста кожа

Изминативе неколку години, доста популарни стануваат спрејовите за лице (познати и како face mist).

Во лето, најпопуларни се оние кои освежуваат и ја хидрираат кожата.

Но, не е препорачливо да ги нанесувате овие спрејови на нечиста кожа.

Нивната намена не е да се испрскате во текот на денот за да се разладите, туку генерално се користат како дел од рутината за нега на кожа.

Ако ги нанесете на нечиста кожа, можат да ги затнат порите поради нечистотиите и да ви предизвикаат иритација и појава на акни.

Некои спрејови може да бидат погодни за во текот на денот, но избегнувајте да ги нанесувате на неисчистена кожа ако сте склони кон акни и слични проблеми.

greshki-vo-rutinata-za-ubavina-shto-gi-pravime-vo-leto-a-mozhat-da-bidat-shtetni-03.jpg

Не користите серум со витамин Ц

Серумот со витамин Ц го стимулира производството на колаген што може да ја намали штетата од сонцето.

Покрај тоа, овој витамин го намалува штетното влијание на УВ зраците, па во комбинација со крем со фактор нуди одлична заштита.

Истовремено, витаминот Ц го изедначува тенот на кожата.

greshki-vo-rutinata-za-ubavina-shto-gi-pravime-vo-leto-a-mozhat-da-bidat-shtetni-04.jpg

Ги бричите нозете пред да излезете надвор

Не е препорачливо да ги бричете нозете пред да излезете на сонце.

Со бричењето кожата се иритира, без разлика каков брич и каков продукт за бричење користите.

А, кога иритираната кожа ќе ја изложите и на сонце, можете да ја влошите состојбата.

greshki-vo-rutinata-za-ubavina-shto-gi-pravime-vo-leto-a-mozhat-da-bidat-shtetni-05.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Чести грешки во негата на кожа во лето со кои правите сериозна штета Мислите дека пудрата со фактор е доволна заштита или, пак, ставате крем со факто...
6 чести грешки во нега на лице што ги правиме во зима (а ја остаруваат кожата) Заборавате да ставите крем со фактор и го миете лицето многу често, па кожата ви...
Ананас и уште 5 вида тропско овошје за да направите домашни, летни маски за лице и коса Кора од банана, лимон, ананас... секое од овие тропски овошја можете да го искор...
Русата е „аут“ - Кои бои на коса ќе бидат во тренд во лето 2026? Професионалните фризери најавуваат „пресврт“ за ова лето - после долго време, ру...
Наш фризер и шминкер со совети за лето: „Пудрата заменете ја со тинт за лице, никогаш не ја врзувајт... „Не ја мијте секој ден со агресивни шампони. Само доколку сте на плажа, тогаш ми...
Пет грешки со кои сами си создавате брчки околу очите Ја тегнете кожата кога нанесувате шминка или крем и спиете на стомак, на памучна...

Најчитани неделава