Грешки во рутината за убавина што ги правиме во лето (а можат да бидат штетни)

Погрешно ги користите стиковите со заштитен фактор

Сè попопуларни стануваат стиковите со заштитен фактор кои се наменети за лице.

Но, најдобро е да ги користите овие продукти само кога сте на плажа (или во природа) каде што воздухот е чист.

Ако сте во град, каде што воздухот доста често е загаден, не заборавајте дека честичките од воздухот завршуваат и на вашето лице.

Па, кога ќе си ставите стик, дополнително ќе ги размачкате честичките на лицето, а тие ќе завршат и на самиот стик.

А, ова може да ви ја иритира кожата.

greshki-vo-rutinata-za-ubavina-shto-gi-pravime-vo-leto-a-mozhat-da-bidat-shtetni-06.jpg

Ја заборавате заштитата на усните

Кремовите со фактор имаат навистина лош вкус кога ќе ги нанесете на устата, па веројатно избегнувате да ги ставате на оваа област.

Некогаш и на самите кремови е истакнато да не се стават на уста.

Но, ова не значи дека треба да ја запоставите заштитата на усните. Кожата во оваа област е многу чувствителна и лесно подложна на изгореници.

Во лето најдобро е да користите балсам за усни со фактор, а ако сакате врз него можете да нанесете кармин или сјај.

greshki-vo-rutinata-za-ubavina-shto-gi-pravime-vo-leto-a-mozhat-da-bidat-shtetni-07.jpg

Не правите пилинг на кожата

Во лето не треба да претерате со пилинг на кожата, а и не е препорачливо да го правите пред да излезете на сонце.

Но, не треба целосно да го прескокнувате.

Пилингот помага темелно да ја исчистите кожата, што во лето, кога се потиме и ставаме повеќе крем со фактор, е неопходно.

greshki-vo-rutinata-za-ubavina-shto-gi-pravime-vo-leto-a-mozhat-da-bidat-shtetni-08.jpg

Ги запоставате стапалата

Во лето, поради високите температури и честото потење, стапалата се поподложни на развој на бактерии и секакви проблеми.

Што значи, треба да им обрнете повеќе внимание овој период.

greshki-vo-rutinata-za-ubavina-shto-gi-pravime-vo-leto-a-mozhat-da-bidat-shtetni-09.jpg

Се фокусирате само на нега на лице

Не заборавајте да правите пилинг на телото и редовно да нанесувате лосион за да ја хидрирате кожата.

Истовремено, кога излегувате, ставајте крем со фактор и на рацете, нозете, деколтето… Односно, сите делови од телото што ви се откриени.

greshki-vo-rutinata-za-ubavina-shto-gi-pravime-vo-leto-a-mozhat-da-bidat-shtetni-10.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Чести грешки во негата на кожа во лето со кои правите сериозна штета Мислите дека пудрата со фактор е доволна заштита или, пак, ставате крем со факто...
6 чести грешки во нега на лице што ги правиме во зима (а ја остаруваат кожата) Заборавате да ставите крем со фактор и го миете лицето многу често, па кожата ви...
Ананас и уште 5 вида тропско овошје за да направите домашни, летни маски за лице и коса Кора од банана, лимон, ананас... секое од овие тропски овошја можете да го искор...
Русата е „аут“ - Кои бои на коса ќе бидат во тренд во лето 2026? Професионалните фризери најавуваат „пресврт“ за ова лето - после долго време, ру...
Наш фризер и шминкер со совети за лето: „Пудрата заменете ја со тинт за лице, никогаш не ја врзувајт... „Не ја мијте секој ден со агресивни шампони. Само доколку сте на плажа, тогаш ми...
Пет грешки со кои сами си создавате брчки околу очите Ја тегнете кожата кога нанесувате шминка или крем и спиете на стомак, на памучна...

Најчитани неделава