10 фризури (и бои на коса) со кои ќе изгледате постаро

Густи шишки на страна

Ако имате густа коса, а сакате да носите шишки, фризерите препорачуваат да не ги носите на страна, бидејќи прават да изгледате постаро.

Наместо тоа распоредете ги преку целото чело, малку во патец, а краевите на левата и десната страна нека бидат подолги за да паѓаат преку образите, во правев на ушите.

10-frizuri-i-boi-na-kosa-so-koi-kje-izgledate-postaro-10.jpg

Контрастни бои

Иако во минатото беше модерно косата да биде платинеста со многу црни прамени (како Кристина Агилера), денес ова веќе не е хит.

Наместо тоа, изберете поприродна боја и суптилни транзиции кои ќе ѝ дадат свежина на косата.

10-frizuri-i-boi-na-kosa-so-koi-kje-izgledate-postaro-08.jpg

Избричени страни од главата

Бричените страни од главата веќе не се популарна фризура. Освен што не им прилегаат на сите - тие додаваат години.

Ако сепак сте од оние жени кои ја сакаат оваа фризура, наместо да ја бричите скоро целосно главата од страните, оставете по неколку сантиметри коса, а делот од темето наместо да биде совршено прицврстен, пуштете го да паѓа слободно.

10-frizuri-i-boi-na-kosa-so-koi-kje-izgledate-postaro-07.jpg

Високо крената пунџа

Наместо косата да ја собирате во високо крената пунџа, која ќе ви го затегне лицето и ќе ги направи цртите поостри, пуштете ја да паѓа слободно.

10-frizuri-i-boi-na-kosa-so-koi-kje-izgledate-postaro-05.jpg

Залижана коса

Според фризерите, залижаната коса додава години, без оглед дали се работи за пунџа или опавче.

Затоа изберете покежуал фризура каде што косата на темето ќе биде „полабава“, а влакната разлетани наместо совршено мазни.

10-frizuri-i-boi-na-kosa-so-koi-kje-izgledate-postaro-09.jpg

А. Ј. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Коса во боја на цреша е хит за пролет 2026 - за дамите кои сакаат богат изглед За пролет 2026, помеѓу боите кои ќе бидат хит, се најде и „црешовата коса“, која...
4 фризури за на плажа со кои секогаш ќе бидете средени (без фенирање и мака) Не мора секој ден да се мачите и да ја фенирате косата или да правите тешки фриз...
Наш фризер и шминкер со совети за лето: „Пудрата заменете ја со тинт за лице, никогаш не ја врзувајт... „Не ја мијте секој ден со агресивни шампони. Само доколку сте на плажа, тогаш ми...
Русата е „аут“ - Кои бои на коса ќе бидат во тренд во лето 2026? Професионалните фризери најавуваат „пресврт“ за ова лето - после долго време, ру...
Седум фризури што се прават за две минути, а се идеални за лето Пунџа со средна висина, ниско опавче со марама или коса собрана со голема шнола....
„Ги ценам жените кои гордо ја носат седата коса, но јас не сум подготвена да им се придружам“ „Имам 39 години и годинава, поради стресот, почнав да забележувам повеќе седи вл...

Најчитани неделава