8 идеи за маникир, идеален за повозрасни дами
Пастелни нијанси ако сакате едноставност, или ефект на мермер ако сакате нешто повпечатливо – неколку идеи за маникир ако имате над 40 години.
Кога е во прашање маникир, важно е да изберете нешто што одговара на вашиот стил, но би требало да ја земете предвид и возраста.
Додека некои дречливи нијанси и дезени им стојат добро на млади девојки, кај повозрасни дами може да делуваат детинесто.
Ако ви треба инспирација, погледнете осум идеи идеални за дами над 40 години:
„Нуд“ маникир
Овој маникир е идеален ако не сакате да експериментирате, но сепак сакате ноктите да ви изгледаат средено.
Притоа, овој маникир може и визуелно да ги издолжи прстите.
Нијансата треба да ја изберете според бојата на вашата кожа, односно бојата на лакот да биде што е можно поблиску до бојата на кожата.
Кралска црвена
Црвениот маникир никогаш не излегува од мода, а темните нијанси се совршени за постари дами.
Овој маникир делува раскошно и ќе ви стои без разлика на вашиот модел стил.
Француски маникир со друга боја
Наместо класичниот француски маникир, за повпечатлив, но сепак суптилен маникир, изберете друга боја место бела.
Само најдобро избегнувајте премногу дречливи нијанси кои можат да делуваа детинесто.
Минималистички геометриски форми
Ако сакате и дезен на ноктите, кај повозрасни дами многу добро изгледаат минималистичките геометриски форми.
Уште четири предлози на следната страница...
Би можело да ве интересира:





