8 идеи за маникир со кои нема да се срамите да ги покажете прстите на нозете
Времето се стоплува и наскоро сандалите ќе ги заменат патиките и балетанките. А тоа значи само едно - боси прсти на нозете.

Иако многу жени самоуверено го покажуваат своите боси нозе, други, се срамат од нив.
За да не се срамите како ви изгледаат ноктите на нозете, погледнете ги овие 8 предлози за маникир.
Некој од нив сигурно ќе ви се допадне и ќе биде вашиот избор за ова лето, но уште поважно - ќе направи да се чувствувате самоуверено кога ќе ги облечете сандалите и ќе ги покажете прстите.
Каков маникир ќе биде хит ова лето?
Цветен педикир
На големиот прст нацртајте едно или неколку цветчиња, а на останатите прсти ставете лак во една боја.

Неутрални нијанси
Ако не сакате дречливи или впечатливи бои, изберете неутрални нијанси - крем, бледо розова, беж, боја на слонова коска.

Класичен француски педикир
Иако францускиот маникир со децении се смета за еден од најпопуларните во светот, а модата „не му минува“, од пред некоја година тој се префрли и на нозете, а педикирот со бела линија на израснатиот дел од ноктот на нозете е вистински погодок.

Црвена боја
Сите нијанси на црвено се вистински хит, но експертите препорачуваат посветли нијанси.

Боја на кафе
Имајќи предвид дека Пантоне ја избра „кафе мус“ како една од боите за 2025-та, можете да изберете и таков педикир - но не на целите нокти, туку во вид на француски педикир.

Минт боја
Оваа сезона во мода се и зелените нијанси, но ќе доминира минт, која е модерна и впечатлива.

Француски педикир во боја
Наместо бела боја, на израснатиот дел од ноктот ставете лак во розова, црвена, жолта или сина нијанса.

Црна боја
Оваа класика никогаш не излегува од мода, а се наоѓа и на листата „Идеи за хит маникир во 2025“.

А. Ј. | Црнобело