Грешки во негата на кожа поради кои имате брчки и дамки (уште во 30-тите)

Нанесувате многу од продуктите за нега

Кога е во прашање количеството од продуктите што треба да ги нанесете, секогаш следете ги инструкциите на амбалажата.

Не си правите услуга ако ставите трипати повеќе серум туку, напротив, може да си предизвикате иритација.

greshki-vo-negata-na-kozha-poradi-koi-imate-brchki-i-damki-ushte-vo-30-tite-06_copy.JPG

Користите жешка вода

Туширањето и миењето лице со жешка вода ја суши кожата и со тоа го зголемува ризикот од појава на брчки.

Идеално е да го миете лицето со млака вода.

greshki-vo-negata-na-kozha-poradi-koi-imate-brchki-i-damki-ushte-vo-30-tite-07.JPG

Ретко менувате навлаки

Важно е редовно да ја менувате навлаката на перницата, особено ако имате проблематична кожа.

Навлаките се идеално место за развој на бактерии кои можат да ви предизвикаат цела низа проблеми со кожата.

Важно е и да ги перете перниците еднаш-двапати годишно.

greshki-vo-negata-na-kozha-poradi-koi-imate-brchki-i-damki-ushte-vo-30-tite-08.JPG

Ги игнорирате вратот и деколтето

Ова се области што многумина ги занемаруваат. Но, и кожата на вратот и деколтето е нежна како на лицето, па важно е да водите добра грижа за неа.

Генерално, сите продукти што ги користите за лице, добри се и за кожата на вратот и деколтето.

greshki-vo-negata-na-kozha-poradi-koi-imate-brchki-i-damki-ushte-vo-30-tite-09.JPG

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

6 чести грешки во нега на лице што ги правиме во зима (а ја остаруваат кожата) Заборавате да ставите крем со фактор и го миете лицето многу често, па кожата ви...
Ананас и уште 5 вида тропско овошје за да направите домашни, летни маски за лице и коса Кора од банана, лимон, ананас... секое од овие тропски овошја можете да го искор...
7 (секојдневни) работи поради кои старееме побрзо Кремите со заштитен фактор не се само за на плажа, туку треба да ги ставаме прек...
Пет грешки со кои сами си создавате брчки околу очите Ја тегнете кожата кога нанесувате шминка или крем и спиете на стомак, на памучна...
Чести грешки во негата на кожа во лето со кои правите сериозна штета Мислите дека пудрата со фактор е доволна заштита или, пак, ставате крем со факто...
Чести грешки во негата на лице кои сигурно ги правите (а можат да ја оштетат кожата) Дали ги нанесувате продуктите на сува или на влажна кожа? А, дали ги користите и...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg