Грешки во негата на кожа поради кои имате брчки и дамки (уште во 30-тите)
Користите многу агресивни продукти за нега и ја заборавате кожата на вратот и деколтето.

Брчките и дамките на лицето се најнормална појава која доаѓа со годините.
Но, ако забележувате брчки и дамки на лицето уште во 30-тите години од животот, па и порано, можеби правите некоја грешка во рутината за убавина.
Дел од најчестите грешки во продолжение:
Користите многу агресивна козметика
За кожата на лицето важно е да користите нежни продукти кои нема да ја исушат или иритираат. Дури и ако имате мрсно лице, не треба да користите агресивни продукти кои ја сушат кожата.
Избегнувајте груби пилинзи, продукти со алкохол или миење лице со сапун за раце. Важно е да го земете предвид вашиот тип кожа и да користите продукти соодветни на него.
Исто така, хемиските пилинзи како AHA и BHA, не треба да се користат секој ден – ова обично е наведено и на самата амбалажа.
Ако, пак, почнувате со нова состојка, ако ретинол, воведувајте ја постепено – двапати неделно, па трипати…
Не ја чистите кожата доволно
Ако имате нанесено шминка, крем со заштитен фактори и низа други продукти, не е доволно да ја исчистите кожата само со мицеларна вода.
Овој продукт отстранува најголем дел од шминката, но сепак може да остави нешто. Затоа користете уште еден продукт, но не многу агресивен и не што ја суши кожата.
Не обрнувате внимание на хидратацијата
Мора да користите продукти за хидратација, без разлика дали имате мрсна, сува или комбинирана кожа.
Дехидрираната кожа изгледа уморно, а се зголемува и ризикот од појава на брчки.
Не ставате крем со заштитен фактор
Една од најголемите грешки што можете да ги направите со кожата е да не ја заштитите од сонце.
УВ зрачењето од сонцето не само што ја забрзува појавата на брчки, туку значително го зголемува и ризикот од рак на кожа.
