Ананас и уште 5 вида тропско овошје за да направите домашни, летни маски за лице и коса
Кора од банана, лимон, ананас... секое од овие тропски овошја можете да го искористите за да направите природна маска за лице или коса.

Секој од нас во својата кујна ќе најде барем еден производ кој може да го искористи за да направи природна маска за лице или коса.
А тропското овошје, освен што е одлично за јадење, подеднакво е добро и во служба на убавината - може да се искористи за од него да се направат маски за лице или за коса, кои се совршени за природна нега.
Ако дома имате банана, кокосово масло, лимон и слично, зошто да не пробате?
Во продолжение 6 маски кои може да ги направите од тропско овошје:
Ананас
Ананасот не само што е вкусен здрав десерт, туку може да се користи како природен пилинг, благодарение на состојката бромелаин, ензим кој ја обновува и осветлува кожата.
За да направите ефикасна домашна маска, измешајте во блендер зрел ананас (излупен) со една лажица кокосово или бадемово масло и две лажички мед.
Можете да го замрзнете во калап за мраз и потоа да и ги користите една по една.
Земете коцка замрзнат ананас, нанесете на лицето и вратот и оставете да делува 5 до 10 минути, па исплакнете ги со топла вода.

Кокос
Кокосот е тајната состојка која карипските жени ја користат за убавина.
Можете дома да си направите едноставна маска за лице со мешање две лажички кокосово масло со една и пол лажички мед а по желба додајте неколку капки есенцијално масло од лаванда.
Маската нанесете ја на лицето со нежни кружни движења и оставете да делува 10 до 15 минути.
Потоа, исплакнете ја маската со млака вода.

Авокадо
Авокадото, ја само што е хранливо, туку има својства кои можат да ги потхранат кожата и косата.
Полно е со масни киселини, витамин Е и антиоксиданси, поради што е природен навлажнувач, кој влијае длабински на кожата и косата.
Ако правите маска за лице, испасирајте го со виљушка, додадете малку вода и направете мазна паста која ќе ја нанесете на чисто лице.
Оставете го оставите да делува 15 до 20 минути.
Ако сакате да направите маска за коса, земете три семки од авокадо, измијте ги, излупете ги, изрендајте ги и измешајте ги со три мали чаши вода.
Оставете да отстои малку, процедете ја течноста и гответе на средна температура околу 15 минути, додека не се згусне.
Додадете две лажици кокосово масло, па маската нанесете ја на сува коса, од коренот до врвовите, пред миење.
Оставете ја да отстои барем половина час.

