Ананас и уште 5 вида тропско овошје за да направите домашни, летни маски за лице и коса
Кора од банана
Кората од банана, всушност содржи вистинско богатство, бидејќи нејзината внатрешност е полна со антиоксиданси, калиум и антиинфламаторни соединенија кои помагаат во хидратацијата, смирувањето на акните, намалувањето на дамките и изедначувањето на тенот на кожата.
Процесот е едноставен: откако ќе го исчистите лицето, нежно тријте ја кожата со внатрешноста од кората, оставете ја да делува 15 минути, а потоа исплакнете ја со топла вода.

Куркума
Куркумата се користи со генерации за лекување, но и за разубавување.
Идеална е за отстранување на досадните дамки на кожата, благодарение на нејзините антиинфламаторни својства.
За да подготвите маска од куркума, измешајте 1 лажичка органски мед со само ¼ лажичка куркума во прав.
Нанесете ја маската на чисто лице и оставете да делува 10 до 15 минути пред да исплакнете со топла вода.
Во оваа маска можете да додадете и неколку капки јогурт - и оваа маска ќе помогне во осветлување на кожата, а таа ќе стане поизбалансирана и помека.

Лимон
Лимонот, со својата интензивна свежина и висока концентрација на витамин Ц, се користи за осветлување на дамките, во борбата против акни и за осветлување на кожата или косата (во лето).
Киселиот сок од лимон делува како ексфолијант и помага во намалувањето на црнките и дамките нас лицето.
Еден начин да го искористите е да измешате половина лажица сок од лимон со шеќер и мелено кафе.
Нанесете ја смесата со нежни движења, втријте ја во кожата, па исплакнете со топла вода.
Но, запомнете дека лимонот може да биде суров - неговата киселост може да предизвика иритација, сувост, црвенило или, ако се изложите на сонце по негова употреба, дополнително да ги засили дамките.
Затоа, ако се користи само како третман за дамки, правете го тоа навечер, и секогаш тестирајте ја смесата на друг дел од телото пред да ја нанесете на лицето.
Ако имате чувствителна кожа, најдобро е целосно да го избегнувате.

А. Ј. | Црнобело
