4 хит фризури кои ќе ја одбележат есен 2025 – идеално време за промени
Доколку оваа есен сакате да ја освежите косата имаме 4 предлог фризури кои ќе бидат хит и едно е сигурно - слоевите и степенот дефинитивно се враќаат во мода.

Како што полека календарски привршува летото, така многумина веќе почнуваат да размислуваат за стилски промени.
Покрај тоа што есенската гардероба веќе е изложена и трендовите веќе одамна се прикажани, сега излегуваат и трендовите за коса.
Доколку сакате да направите промени овој септември, или малку подоцна, има неколку фризури кои ќе ви го освежат изгледот.
Хит фризури кои ќе ви помогнат да зачекорите храбро во новата сезона:
Неправилен боб
Должина до клучната коска, со чисти, но не толку правилни линии, со остри краеви и модерен изглед, посебно ако краевите се подвиткани.

Фризура со степен и V облик
Сигурно некогаш во младоста сте носеле ваква фризура или познавате некој таков – силниот степен на предните прамени кои паѓаат покрај лицето додава драматичност, а позади фризурата се спојува во врв и формира V.

Коса во слоеви со завеса шишки
Shag фризурата со завеса шишки беше хит во 70-тите години, а денешната верзија е помодерна и постилска, со посуптилни слоеви формирани со фигаро или со соодветен спреј.

Долга рамна коса со прамени околу лицето
За сите кои сакаат долга коса рамно исечена на краевите, може да вметнат свежина со нежни слоеви и степен на прамените околу лицето.

М. М. | Црнобело