Од руса, до црвена: Трендови за бои на коса што ќе доминираат во 2026-та
Темноцрвената, црната со изразен сјај, како и „студената“ руса боја ќе бидат меѓу најголемите хитови за 2026-та.

Ако во новата година сакате да ја промените фризурата, стилистите веќе ги имаат трендовите што ќе доминираат.
Доброто е што повеќето не претставуваат нагла промена, па се идеални ако само сакате малку да ја освежите фризурата.
Бои на коса што ќе доминираат во 2026-та:
Суптилно нијансирање
Суптилното нијансирање претставува комбинирање на неколку слични нијанси, кои незабележливо се прелеваат една во друга.
Фризурата е идеална за оние кои сакаат промена, но не премногу очигледна.

Темна коса и прамени со боја на карамела
За да ја освежите темно кафеавата коса, можете да додадете неколку прамени со боја на карамела.
Со ова ќе го задржите природниот изглед на косата, а сепак ќе ѝ дадете сјај.

„Студена“ руса
Нијансата помеѓу руса и светлокафеава со студени тонови делува софистицирано и уникатно, а сепак не е нападна.
Притоа, ако имате светла коса, ќе изгледа добро и кога малку ќе ви порасне.

Балајаж со мал контраст
Кај оваа фризура наместо голема разлика во боите, се користи само една или две нијанси посвети од природната.
Косата изгледа освежено, но без преголема разлика.
