4 грешки поради кои пудрата ви изгледа лошо и неприродно
Ја нанесувате со суво сунѓерче и ја тегнете кожата кога ја размачкувате. Зошто пудрата ви изгледа неприродно?

Пудрата е дел од секојдневната шминка, но и покрај ова, многу девојки жени прават некои грешки.
Резултатот од овие грешки е нерамномерно нанесена пудра која изгледа неприродно, па дури и како маска.
Дел од најчестите грешки што треба да ги имате предвид:
Наеднаш ја нанесувате на целото лице
Немојте наеднаш да ставите пудра на целото лице, а потоа да почнете да ја размачкувате.
Пудрата се суши брзо, па додека да го поминете целото лице, на некои места ќе биде здрвена и нема да се размачка како што треба.
Најдобро е да ја нанесувате под делови – на пример прво на брадата, па носот па образите...

Ја растегнувате кожата кога ја размачкувате
Со ваквото нанесување пудрата нема да биде распоредена рамномерно, а притоа и ќе ја оштетите кожата, без разлика дали користите четка, сунѓерче или само прсти.
Пудрата треба да ја нанесете со тапкање за да изгледа најприродно.

Користите суво сунѓерче
Ако користите сунѓерче за пудра, препорачливо е да го навлажните, па добро да го исцедите пред да ја размачкате пудрата.
Доколку е суво, може да впие дел од пудрата, па да ја нанесете нерамномерно.

Не ја подготвувате кожата
Пред да нанесете пудра, мора да ја исчистите кожата.
Потоа ставете соодветен продукт за хидратација, а не заборавајте да ставите и прајмер како основа.
Дури потоа почнете со нанесување на пудрата.

Спирова С. | Црнобело