6 грешки поради кои косата ви е сува како слама по фарбање

Ја миете многу често, си легнувате со мокра коса и не користите соодветни продукти за нега.

6-greshki-poradi-koi-kosata-vi-e-suva-kako-slama-po-farbanje-01.jpg

Косата третирана со фарба е нормално да биде посува. Но, ова значи дека штом ќе ја офарбате, треба да ја промените и негата.

Ако косата ви делува суво, како слама, можеби правите некоја од следниве грешки:

Ја миете многу често

Маслата што се лачат од скалпот имаат и заштитна улога. Па, ако ја миете косата секој ден, ја отстранувате оваа заштита и таа станува посува и покршлива.

Фарбаната коса и онака е малку посува, па со честото миење само го влошувате овој проблем.

Обидете се да ја миете косата до двапати неделно, а во деновите помеѓу можете да користите и шампон за суво миење.

6-greshki-poradi-koi-kosata-vi-e-suva-kako-slama-po-farbanje-02.jpg

Не ја хидрирате

Ако имате фарбана коса, никако не треба да ги прескокнувате продуктите како регенератор и маска.

Исто така, препорачливо е да користите и масла за коса, како кокосово, кои дополнително ќе ја хидрираат. Можете да го ставите маслото околу ден час пред да ја измиете косата.

Ја изложувате на многу висока температура

Високата температура ја суши косата.

Затоа, немојте да ја миете со жешка вода, а кога ја стилизирате со пегла или фигаро, секогаш ставајте и продукт кој штити од топлина.

Исто така, немојте да го користите фенот на највисока температура.

6-greshki-poradi-koi-kosata-vi-e-suva-kako-slama-po-farbanje-03.jpg

Ја прескокнувате соодветната нега

Постојат посебни продукти за фарбана коса кои е препорачливо да ги вметнете во рутината.

Нема потреба да купувате безброј посебни продукти, туку оние што веќе ги користите, осигурете се дека се за фарбана коса.

Спиете со мокра коса

Кога е влажна, косата е покршлива. Па, ако си легнете пред да ја исушите, во текот на ноќта ќе ја искинете.

И, ќе почне да изгледа како слама.

6-greshki-poradi-koi-kosata-vi-e-suva-kako-slama-po-farbanje-04.jpg

Ја фарбате многу често

Ако водите добра грижа за косата, бојата би требало да си ја задржи истата нијанса најмалку еден месец, па и повеќе.

Па, не треба да ја фарбате косата почесто од еден месец.

Ако, пак, бојата не го изгубила сјајот и по овој период, доволно е да ги офарбате и само корените.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Коса во боја на цреша е хит за пролет 2026 - за дамите кои сакаат богат изглед За пролет 2026, помеѓу боите кои ќе бидат хит, се најде и „црешовата коса“, која...
„Ги ценам жените кои гордо ја носат седата коса, но јас не сум подготвена да им се придружам“ „Имам 39 години и годинава, поради стресот, почнав да забележувам повеќе седи вл...
Вирален јапонски метод за миење коса – ја прави густа и сјајна Виралниот метод за густа коса како на Јапонките вклучува нежна масажа со масло, ...
5 тренди техники за фарбање за кои не мора да одите на фризер секој месец Техниката балајаж е идеална ако не сакате секој месец да одите на фризер, бидејќ...
6 чести грешки во нега на лице што ги правиме во зима (а ја остаруваат кожата) Заборавате да ставите крем со фактор и го миете лицето многу често, па кожата ви...
Фризури со кои ќе ја скриете мрсната коса - 8 идеи за деновите кога не можете да ја измиете Има денови кога мора да отидете „меѓу луѓе“, но косата ви е мрсна, а вас ве мрзи...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg