5 тренди техники за фарбање за кои не мора да одите на фризер секој месец

Техниката балајаж е идеална ако не сакате секој месец да одите на фризер, бидејќи изгледа убаво дури и откако косата ќе порасне повеќе.

5-trendi-tehniki-za-farbanje-za-koi-ne-mora-da-odite-na-frizer-sekoj-mesec-01.jpg

Ако сте од оние кои не сакаат секој месец да одат на фризер, има многу фризури кои не треба да се обновуваат толку често.

Уште подобро е што ова се фризури со кои се нагласува вашата природна боја на косата и изгледаат добро и неколку месеци по фарбањето.

Пет тренди предлози што вреди да ги пробате:

Балајаж

Балајаж е популарна техника за фарбање која изгледа добро и на светла и на темна коса.

Со оваа техника се прават прамени со боја блиска до природната, така што косата изгледа како да осветлила природно, од сонце.

Бидејќи прамените не се прават од коренот, можете да го прескокнете одењето на фризер неколку месеци.

Единствено ако ставате многу светли прамени, консултирајте се со вашиот фризер кои продукти ќе треба да ги користите за да го спречите пожолтувањето.

5-trendi-tehniki-za-farbanje-za-koi-ne-mora-da-odite-na-frizer-sekoj-mesec-02.JPG

Светли врвови

Оваа фризура најдобро изгледа ако имате природно посветла коса – на многу темна коса може да изгледа лошо поради големиот контраст.

Бидејќи се осветлуваат само врвовите на косата, фризурата ќе изгледа добро со месеци.

5-trendi-tehniki-za-farbanje-za-koi-ne-mora-da-odite-na-frizer-sekoj-mesec-03.JPG

Мока мус прамени

Ако имате природно кафеава коса, можете да ја направите прамени со мока мус нијанса.

Прамените ќе делуваат мошне природно, а бидејќи се блиску до природната боја на косата, не мора да ја обновувате секој месец.

5-trendi-tehniki-za-farbanje-za-koi-ne-mora-da-odite-na-frizer-sekoj-mesec-04.JPG

Чоколадни прамени

Ако имате многу темна коса, тогаш можете да направите чоколадни прамени.

Чоколадната нијанса ќе ѝ даде побогат изглед на косата, а нема да се познава ако не отидете на фризер и неколку месеци.

5-trendi-tehniki-za-farbanje-za-koi-ne-mora-da-odite-na-frizer-sekoj-mesec-05.JPG

„Валкано“ руса боја

Валкано русата боја е нијанса помеѓу кафеава и руса, па е идеална за природно светла боја на косата.

Делува природно, а бидејќи е блиску до вашата боја, ќе изгледа убаво дури и откако корените малку ќе подраснат.

5-trendi-tehniki-za-farbanje-za-koi-ne-mora-da-odite-na-frizer-sekoj-mesec-06.JPG

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Коса во боја на цреша е хит за пролет 2026 - за дамите кои сакаат богат изглед За пролет 2026, помеѓу боите кои ќе бидат хит, се најде и „црешовата коса“, која...
Наш фризер и шминкер со совети за лето: „Пудрата заменете ја со тинт за лице, никогаш не ја врзувајт... „Не ја мијте секој ден со агресивни шампони. Само доколку сте на плажа, тогаш ми...
Седум фризури што се прават за две минути, а се идеални за лето Пунџа со средна висина, ниско опавче со марама или коса собрана со голема шнола....
„Ги ценам жените кои гордо ја носат седата коса, но јас не сум подготвена да им се придружам“ „Имам 39 години и годинава, поради стресот, почнав да забележувам повеќе седи вл...
Русата е „аут“ - Кои бои на коса ќе бидат во тренд во лето 2026? Професионалните фризери најавуваат „пресврт“ за ова лето - после долго време, ру...
Вирален јапонски метод за миење коса – ја прави густа и сјајна Виралниот метод за густа коса како на Јапонките вклучува нежна масажа со масло, ...

Најчитани неделава