Анета Љумаковска за стилот и убавината: „Слабост ми се чанти, секоја вечер темелно го чистам лицето“
Нега на лицето и телото
„Мојата рутина е релативно едноставна, но конзистентна.
Утрото го започнувам со чистење на лицето и хидратација, додека навечер посветувам повеќе внимание - темелно чистење, нега и време за релаксација.
За мене, негата не е само естетика, туку и момент за себе.
Со текот на времето научив колку е важно редовно да се грижам за себе.
Порано тоа беше нешто што го правев повремено, а денес ми е дел од секојдневието и начин да вложам во сопствената благосостојба.
Понекогаш посетувам козметички третмани, но најчесто се грижам сама за себе и се трудам да одржувам конзистентна рутина.
Повремено правам домашни маски, тоа ми е мал ритуал на релаксација и грижа“.


Начин на исхрана
„Се трудам да одржувам баланс во исхраната.
Верувам дека здравата исхрана е важна, но, исто така, мислам дека не треба да си ги ускратуваме малите задоволства.
Слатките се мојата слабост, па се обидувам да ги консумирам умерено.
Најмногу сакам домашна, свежо подготвена храна, нешто што е едноставно, но полно со вкус.
Паста ми е омилена и често ја подготвувам дома. Секогаш наоѓам нов начин да ја направам интересна“.


Вежби и спортување
„Се трудам да бидам физички активна, бидејќи тоа ми помага и физички и ментално.
Немам строго дефинирана рутина, но се обидувам да вежбам неколку пати неделно.
Понекогаш одам во теретана, но уживам и во вежбање дома“.


©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
А. Ј. | Црнобело
