6 грешки во шминкањето кои веднаш прават да изгледате постаро
Со текот на годините сјајот и хајлајтерот стануваат непријатели на изгледот, а години додава и тешката пудра која (особено на сува кожа) ги нагласува брчките. Како да го задржите младешкиот изглед и по 50-тата година?

Шминката е „алатка“ која помага ликот на секоја жена да се трансформира. И иако едни жени со шминката изгледаат младешки и свежо, има и такви кои откако ќе се нашминкаат, како веднаш да остареле неколку години.
Токму затоа мејкап експертите ги посочуваат најголемите грешки што може да ги направи секоја жена кога се шминка, па несвесно самата да си додаде неколку години на лицето.
Што да избегнувате (и што да правите) за да го задржите младешкиот изглед, без оглед на возраста?
Грешка бр.1: Погрешна форма на веѓите
Веѓите го обликуваат лицето, а зависно од формата може да му дадат мек или строг изглед.
Но, со текот на годините тие обелуваат, паѓаат, поради опаѓањето на тонусот на лицето и самите се спуштаат или, поради грешка во кубењето, може да бидат нееднакви.
Затоа, експертите советуваат да избегнувате многу тенки веѓи и наместо да се остри, изберете помек облик (како запирка или лак) - тоа ќе му даде попријатен изглед на лицето.
А за да им додадете волумен и боја, користете сенка или моливче за веѓи во природни нијанси.

Грешка бр.2: Премногу темна шминка
Многу жени веруваат дека темните бои додаваат дефиниција и живост на цртите на лицето.
Но, ова е вистина само во младоста - со годините темните бои имаат спротивен ефект.
Затоа избегнувајте црна или темно сива сенка, кармин во боја на зрела слива, бордо или виолетови нијанси.
Наместо тоа, изберете топла палета за очи - кајсија, беж, карамел или пастелно розова.
За усните, пак, препорачливи се розови нијанси или проѕирни сјаеви.

Грешка бр.3: Пренападно моливче за очи
Темното моливче за очи кое е нанесено и под очните капаци прави вашите очи да изгледаат и позатворени и спуштени, а со тоа ви додаваат и години на лицето.
Наместо тоа, ставете светло моливче во внатрешноста на долниот капак - тоа визуелно ќе ви ги рашири очите.
