Долга коса, светки на кожа – 10 трендови за убавина од Мет гала 2026 кои ќе доминираат насекаде
Екстремно долгите коси се враќаат во мода, но и лабаво фатените опавчиња наместо цврсти репови, размачканото розово руменило ќе биде голем тренд, но и украси за коса и уши - кои трендови за убавина ќе доминираат годинава, а ги издиктираа гостите на Мет гала 2026?

На сите им е јасно дека стајлинзите од Мет гала не е возможно да се повторат во секојдневието, бидејќи се прилично драматични, посебно со годинешната тема „Модата е уметност“.
Но, модните критичари и познавачите на трендови за убавина споделуваат свои мислења и потврдуваат дека многу детали од шминката и косата на гостите, се предвидува да доминираат и во реалноста.
Па, какви трендови може да очекуваме во наредниот период, судејќи по она што го промовираа ѕвездите на Мет гала 2026?
Погледнете во продолжение:
Долгата коса се враќа во мода

Силна црвена на усни, па дури и на очи

Кожа и деколте намачкани или испрскани со светки

Балајаж и фризура со сончеви прамени

Образи размачкани со руменило во нежно розови тонови
