7 трикови за убавина кои изгледаат откачено, но делуваат

Веројатно никогаш не би помислиле после бурната ноќ на подуените очи да ставите излупен компир или да се шминкате со лажичка на капаците. Не е лошо понекогаш да послушате некој совет кој на прв поглед изгледа чудно, ако доаѓа од нечие искуство.

7-trikovi-za-ubavina-koi-izgledaat-otkaceno-no-deluvaat-01

Пробајте ги овие трикови кои и ќе ги забележите ефектите.

Маскара

За да избегнете маскарата да ви се исцртува на капаците од очите, земете лажичка и ставете ја на капакот, така што надворешниот дел да биде горе. Така вишокот маскара од четкичката ќе остане на лажичката.

Подуени очи

Излупете еден компир, исечете го на пола и држете го преку затворени очи околу 10 минути. Компирот ќе ви ги излади очите и надуеноста ќе спласне.

Маска за лице

Следен пат кога ќе ви треба маска за лице, а немате време да одите да купите, земете обичен шумлив аспирин и кога ќе се стопи во водата, натапкајте го лицето. Оставете да отстои така од 15 до 20 минути. На ист начин на кој ги разложувате мастите и киселините во дигестивниот трактат, исто така ќе делува и на лицето.

Целулит

Ако забележувате дека  ви се јавува целулит на различни места, може да употребите талог од кафе како средство за триење на кожата. Кофеинот ќе ги стимулира клетките на кожата, а структурата ќе ги отстрани мртвите.

7-trikovi-za-ubavina-koi-izgledaat-otkaceno-no-deluvaat-1

Лак за нокти

Ако кога се лакирате ви се јавуваат ситни меурчиња на ноктите, тоа е можеби поради тоа што сте го чувале лакот на топло. Се препорачува лаковите за нокти да ги чувате во фрижидер.

Ако се брзате да излезете, а само што сте нанеле лак на ноктите, ставете ги прстите во ладна вода 3 минути и потоа може слободно да правите сè.

Црвенило на лице

По вежбањето, кај некои се случува уште долго време лицето да им биде црвено. За да го отстраните црвенилото користете некоја крема против алергија.

Пликови на нозете

Ако имате чувствителни стапала, па постојано ви се појавуваат пликови, препорачливо е на тие места да ставите малку вазелин и така нема да дојде до триење.

Би можело да ве интересира:

Наш фризер и шминкер со совети за лето: „Пудрата заменете ја со тинт за лице, никогаш не ја врзувајт... „Не ја мијте секој ден со агресивни шампони. Само доколку сте на плажа, тогаш ми...
Металик сјај, боја на костен и на ноќно небо - Каков маникир ќе биде во тренд во септември 2025? Освен што се препорачува ноктите да бидат со металик сјај, овој септември треба ...
6 чести грешки во нега на лице што ги правиме во зима (а ја остаруваат кожата) Заборавате да ставите крем со фактор и го миете лицето многу често, па кожата ви...
Седум фризури што се прават за две минути, а се идеални за лето Пунџа со средна висина, ниско опавче со марама или коса собрана со голема шнола....
Ананас и уште 5 вида тропско овошје за да направите домашни, летни маски за лице и коса Кора од банана, лимон, ананас... секое од овие тропски овошја можете да го искор...
Дречливи бои, лак со текстура - Топ 7 идеи за педикир за пролет-лето 2026 Наскоро ќе почне сезоната на сандали и одење на плажа, кога вашите прсти на нозе...

Најчитани неделава