Направете домашен пилинг за мазна и еластична кожа

Веќе ги извадивте кратките панталончиња и здолништа кои малку повеќе ги откриваат вашите нозе, па на виделина излегуваат сите последици од зимата и мрсната храна.

napravete-domasen-piling-za-mazna-i-elasticna-koza-01

Целулитот е еден од нив. Сепак, ако сакате да заблескате мора да се погрижите и за беспрекорен изглед и на кожата.

Сувата и испукана кожа потребно е да ја одржувате на посебен начин и со поголема нега. Сето тоа може да си го дозволите и во домашни услови.  Потребни ви се само 4 состојки.

Шеќерот заради пилинг и отстранување на изумрените клетки на кожата, маслиновото масло за нега и хидратација на кожата, а грејпфрутот и мајчината душица против воспаленија, ја заштитуваат кожата и ја прават мазна и еластична,

Рецепт за домашен пилинг

Потребни состојки:

  • 1 мала шолја шеќер
  • 2-3 лажици маслиново масло
  • 10-15 капки етерично масло од грејпфрут
  • 2 лажички свежа мајчина душица или лаванда

Подготовка:

Мајчината душица или лавандата ситно исечкајте ја и заедно со останатите состојки ставете ја во еден сад.

Мешајте сè заедно додека состојките не се соединат. Ако смесата е сè уште сува, додајте уште малку маслиново масло.
За време на туширањето, на влажната кожа нанесете го пилингот и со кружни движења добро истријте го телото, а посебно бутовите и задникот.

Исплакнете со млака вода.

Би можело да ве интересира:

Ананас и уште 5 вида тропско овошје за да направите домашни, летни маски за лице и коса Кора од банана, лимон, ананас... секое од овие тропски овошја можете да го искор...
Металик сјај, боја на костен и на ноќно небо - Каков маникир ќе биде во тренд во септември 2025? Освен што се препорачува ноктите да бидат со металик сјај, овој септември треба ...
6 чести грешки во нега на лице што ги правиме во зима (а ја остаруваат кожата) Заборавате да ставите крем со фактор и го миете лицето многу често, па кожата ви...
Наш фризер и шминкер со совети за лето: „Пудрата заменете ја со тинт за лице, никогаш не ја врзувајт... „Не ја мијте секој ден со агресивни шампони. Само доколку сте на плажа, тогаш ми...
Седум фризури што се прават за две минути, а се идеални за лето Пунџа со средна висина, ниско опавче со марама или коса собрана со голема шнола....
Грешки во негата на кожа поради кои имате брчки и дамки (уште во 30-тите) Користите многу агресивни продукти за нега и ја заборавате кожата на вратот и де...

Најчитани неделава