5 начини да го сокриете целулитот ова лето

Ако летото го дочекавте неподготвени и сè уште водите битка со нерамната кожа на бутовите и задникот, тоа не значи дека ова лето ќе го поминете во долги панталони.

5-nacini-da-go-sokriete-celulitot-ova-leto-001

Постојат најмалку 5 трикови кои визуелно ќе го сокријат целулитот.

Темен тен

Ако планирате да одите на неколку свечености ова лето, најпрво добро исончајте се или користете креми за самопотемнување. Која опција и да ја одберете, погрижете се задникот и нозете да се идеално потемнети.

Светкави лосиони

Во секоја дрогерија ќе пронајдете лосион или масло со светкави честички кои успешно ги прекриваат недостатоците на кожата. Нанесете во поголема количина на критичните места, па потоа облечете ги омилените шорцеви.

Долна облека за обликување на телото

Тесната долна облека која има функција да го затегне и обликува вашето тело е секогаш најдобар избор под тесниот фустан. Многу од славните дами се горди на овој изум, па го прилагодуваат на секој свој изглед. Тогаш, зошто да не пробате и вие?

Хулахопки

Хулахопките во боја на кожата се вратија во светот на модата, па затоа искористете за да го обликувате своето тело. Одберете нијанса која речиси идентична со кожата и избегнувајте ги сјајните материјали.

Нега на кожата

Дехидрираната и сува кожа лесно ги истакнува сите несовршености, но добриот пилинг и квалитетниот лосион за тело може да направат чудо. Практикувајте пилинг 2 пати неделно, а кремата или лосионот за тело користете го секојдневно.

Би можело да ве интересира:

6 чести грешки во нега на лице што ги правиме во зима (а ја остаруваат кожата) Заборавате да ставите крем со фактор и го миете лицето многу често, па кожата ви...
Ананас и уште 5 вида тропско овошје за да направите домашни, летни маски за лице и коса Кора од банана, лимон, ананас... секое од овие тропски овошја можете да го искор...
Русата е „аут“ - Кои бои на коса ќе бидат во тренд во лето 2026? Професионалните фризери најавуваат „пресврт“ за ова лето - после долго време, ру...
Грешки во негата на кожа поради кои имате брчки и дамки (уште во 30-тите) Користите многу агресивни продукти за нега и ја заборавате кожата на вратот и де...
Наш фризер и шминкер со совети за лето: „Пудрата заменете ја со тинт за лице, никогаш не ја врзувајт... „Не ја мијте секој ден со агресивни шампони. Само доколку сте на плажа, тогаш ми...
Металик сјај, боја на костен и на ноќно небо - Каков маникир ќе биде во тренд во септември 2025? Освен што се препорачува ноктите да бидат со металик сјај, овој септември треба ...

Најчитани неделава