Брадата го открива карактерот на мажот

Се вели дека облеката не го прави човекот, но дали би можело истото да се каже и за брадата и мустаќите? Денес тие се дел од некаков тренд или имиџ, па зависно од тоа може да добиете и некакво мислење за некој маж.

sto-kazuvaat-bradata-i-mustakjite-za-vas-01

За мажите може многу да се дознае само ако се погледне нивната брада или нивните мустаќи.

Дводневна брада

Ова е моментално најпопуларен облик на брада и мустаќи, бидејќи не е во прашање вистинска брада, не го присилува мажот да се бричи секое утро, а сепак изгледа добро на речиси секое лице. Она што го покажува дводневната брада и мустаќите е дека тоа се мажи кои следат трендови.

sto-kazuvaat-bradata-i-mustakjite-za-vas-1.jpeg


Мустаќи

Само мустаќи скоро никогаш не биле идеален машки стил. Во седумдесеттите мустаќите без брада најчесто можеле да се видат во порнографските филмови. Тие се израз на бунт и покажуваат јасно дека мажот кој ги носи не се грижи што другите мислат за него.


Густа, но одржувана брада

Сè додека се одржува брадата изгледа добро на секој маж. Оние кои имаат густа брада сметаат дека е дел од нивниот идентитет. Силната брада се толкува како знак за мажественост, а мажите кои ја носат се полни со потајна самодоверба која не сакаат да ја искажуваат.

sto-kazuvaat-bradata-i-mustakjite-za-vas-4.jpg


Дива брада

Овие денови „дивата“, неодржувана брада и мустаќи може да се видат кај студентите и славните личности. Во прашање е покажување на тестостеронот на дело, а правилото е колку повеќе, толку подобро. Дивата брада е израз на слобода и бунтовност.

sto-kazuvaat-bradata-i-mustakjite-za-vas-3.jpg


Избричена брада

Трендовите во врска со брадата и мустаќи се менуваат отприлика на секои 20 години, така што целосно избричената брада наскоро повторно ќе се врати во тренд. Она што го покажува целосно избриченото лице е дека мажот не сака да се издвојува и сака класичен изглед.

Би можело да ве интересира:

Русата е „аут“ - Кои бои на коса ќе бидат во тренд во лето 2026? Професионалните фризери најавуваат „пресврт“ за ова лето - после долго време, ру...
Коса во боја на цреша е хит за пролет 2026 - за дамите кои сакаат богат изглед За пролет 2026, помеѓу боите кои ќе бидат хит, се најде и „црешовата коса“, која...
Наш фризер и шминкер со совети за лето: „Пудрата заменете ја со тинт за лице, никогаш не ја врзувајт... „Не ја мијте секој ден со агресивни шампони. Само доколку сте на плажа, тогаш ми...
Мермерни нокти - тренд кој ќе доминира во есен 2025 и ќе сакате да го пробате (фото) Оваа есен на голема врата се враќа трендот со мермерни нокти - и ќе сакате да ги...
Металик сјај, боја на костен и на ноќно небо - Каков маникир ќе биде во тренд во септември 2025? Освен што се препорачува ноктите да бидат со металик сјај, овој септември треба ...
Ананас и уште 5 вида тропско овошје за да направите домашни, летни маски за лице и коса Кора од банана, лимон, ананас... секое од овие тропски овошја можете да го искор...

Најчитани неделава